Регион
Во центарот на Истанбул експлозија во автобус ВИДЕО

Експлозија во автобус центарот на градот во неделата ги вознемири жителите на турскиот мегалополис Истанбул, кој последните месеци беше цела на смртоносни бомбашки напади, но според првичните сознанија не станува за терористички напад.
Според порталот Daily Sabah, експлозијата одекнала во неисправен автобус, кој се движел во гаража на ремонт.
Инцидентот се случил во близина на станицата Топкапи. Во експлозијата нема повредени, а по гаснењето на пожарот сообраќајот повторно се одвива непречено./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пленковиќ: Можеме да обезбедиме дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна

„Најпрво да изразиме сочувство до семејствата и до Македонија за оваа голема трагедија во Кочани. Досега пет пациенти се префрлени од Северна Македонија во Хрватска“, рече премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.
Како што рече остануваат подготвени и можат да помогнат да обезбедат дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна.
„Попладнево во Загреб ќе престојува и министерот за надворешни работи и заедно со министерот Хрстиќ ќе ги посети пациентите“, додаде Пленковиќ.
Регион
Пукање во Загреб: Маскирани напаѓачи застрелале маж додека одел во кафуле и побегнале со мотор

Загрепската полиција потврди дека во средата околу 08:35 часот во загрепска Дубрава со огнено оружје бил повреден 57-годишен маж, а неофицијално се работи за бизнисмен, еден од обвинетите на УСКОК за затајување данок при увоз на луксузни автомобили, пренесуваат медиумите во регионот.
„По пријава дека денеска, 19 март, околу 08.35 часот во Дубрава, маж имал повреда на долните екстремитети, најверојатно како последица од прострелна рана дојавата е потврдена по пристигнувањето на полициски службеници на местото на настанот“, објави полицијата.
Оттаму додаваат дека е утврдено дека станува збор за 57-годишен маж на кого му била укажана лекарска помош и дека нема опасност за други лица.
На местото на настанот се утврдуваат сите околности, соопштија кусо од полицијата.
Според „Јутарњи лист“, мажот бил застрелан додека одел на кафе во маалско кафуле. Маскиран маж му пришол одзади и му пукал во нозете, по што побегнал. Полицијата се сомнева дека го чекал соучесник на моторот со кој двајцата избегале, пишува медиумот.
Регион
Вучевиќ се потпиша во книгата на жалост: Србија е со Македонија, ќе помогнеме на секој начин

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска во име на Владата на Србија и на сите граѓани на Србија му изрази длабоко сочувство и сочувство до министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, за огромната трагедија што ја доживува земјата по пожарот во Кочани.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска се потпиша во книгата на жалост во Амбасадата на Македонија.
– Го молиме Бога да им даде сила на семејствата на загинатите и да им помогне на повредените и лекарите насекаде, не само во Србија и Северна Македонија, туку и во Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Австрија, каде и да се наоѓаат пациентите, да ја издржат оваа битка и да се вратат во своите домови и семејства – рече Вучевиќ по потпишувањето на книгата на жалост.
Вучевиќ изјави дека Србија е со Македонија и дека најголем број пациенти надвор од таа земја се лоцирани во Србија и нагласи дека доколку се потребни дополнителни напори, Србија е на располагање.