Регион
Во Грција уапсени четворица за подготовка атентати во Белгија
Грчката полиција уапсила по налог на Европол четворица Мароканци, вклучително и наводниот лидер на исламистичка група од Белгија коишто се подготвувале за извршување терористички напади, пишуваат во саботата атинските медиуми.
Според сознанијата на грчките медиуми од извори блиски на истрагата, во моментот се врши идентификација на уапсените кои се осомничени за учество во подготвување на џихадистички напади во Белгија. На истата тема, во саботата навечер се одржува и итен состанок на министерството за јавен ред и заштита на граѓаните, пишува интернет изданието на весникот Прото тема. Други поединости не се соопштени.
Во четвртокот белгиската полиција спроведе голема антитерористичка операција во градот Вервиерс, во текот на која беа уапсени 15 лица осомничени за подготовка терористички напади низ Белгија, двајца беа убиени а еден ранет. Во становите на осомничените биле откриени големи количества автоматски пушки, рачни фрлачи, муниција и експлозиви, како и полициски униформи. Според соопштението на белгискиот државен обвинител операцијата била спроведена против лица кои се вратиле од боиштето од Сирија, и постојат информации дека планирале „големи напади“, во прв ред на полициски станици. Нивото на безбедност во цела Белгија е подигнато на највисоко ниво, а во готовност се ставени и специјалните сили на белгиската армија.
Според грчкиот весник Етнос, еден ден по антитерористичката операција во Вервиерс, Белгија во петокот преку разузнавањето и CIA ги известила Грција и Турција дека во двете земји има џихадисти кои се вклучени во подготовката на терористички напади на нејзина територија. Белгиските власти, имено, утврдиле дека еден од исламистите уапсени во операцијата во четвртокот добивал телефонски повици од Грција.
Не е исклучено дека меѓу уапсените во Грција е и водачот на групата исламисти, 27-годишниот Абделхамид Абауд, кој според сознанијата на белгиските медиуми, телефонски контактирал од Грција со еден од уапсените во белгиски Лиеж./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

