Регион
Во Словенија маж дошол во полиција и барал да го убијат

Четириесетгодишен маж кој во четвртокот во раните утрински часови влегол во полициската станица во центарот на словенечката престолнина Љубљана предизвикал големи проблеми барајќи од дежурниот полицаец да го убие со службениот пиштол.
Според словенечките медиуми, по инцидентот мажот чиј идентитет не е откриен бил сместен во психијатриска установа, а настанот за телевизијата POP-TV го потврдил портпаролот на полицијата Винко Стојншек.
Додал дека мажот, за кој се сомневаат дека имал здравствени проблеми бидејќи постојано викал „убијте ме, убијте ме“, бил предаден на здравствена установа. Кај него, исто така, по претресот биле пронајдени пиштол и нож.
Истрагата за случајот продолжува, рекол Стојншек, поради сомневањата дека мажот имал намера да изврши кривично дело./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.