Регион
Во Србија азил бараат над 4.000 Азијци и Африканци
Повеќе од четири илјади имигранти од африканските и од азиските држави бараат азил во Србија, а нивната крајна цел се западноевропски земји, објави во централниот дневни Радио-телевизија Србија (РТС), цитирајќи податоци од канцеларијата на омбудсманот.
Заменикот државен омбудсман Милош Јанковиќ укажа на тоа дека земјите од западна Европа се соочуваат со голем прилив на имигранти од Авганистан, Пакистан, Сомалија, Сирија и Египет и дека многумина од нив минуваат токму низ Србија.„Податоците со коишто ние располагаме, покажуваат дека станува збор за бројка од 15 илјади лица, кои минатата година минале низ територијата на Србија“, рече Јанковиќ за агенцијата Танјуг, наведувајќи дека околу пет илјади најавиле намера да побараат азил во Србија. Јанковиќ вели и дека само во првата половина од 2014 година повеќе од четири илјади имигранти од азиските и африканските земји навеле дека ќе бараат азил во Србија, но дека нивната крајна цел се земјите во западна во Европа.„Можеме да се сомневаме во реалноста на таа волја дека тие сакаат да бараат азил“, истакна Јанковиќ, наведувајќи дека повеќето од нив тоа и го потврдиле при посетата на омбудсманот кога се покажало дека барањето азил „го користат како можност да престојуваат во Србија во одреден период .„Повеќето од нив по извесно време исчезнуваат, што значи дека заминале во земјите од западна Европа“, рече.Предупреди дека „системот не функционира онака како што би требало“ и дека омбудсманот поради многу неправилности во работата полицијата и Комесаријатот за бегалци и миграции упатил 29 препораки, за да се избегне полицијата лицата најдени без исправи и докази за законски престој во Србија да не ги упатува во центрите за азиланти пред да се извршат сите неопходни процедури за идентификација и евиденција.Јанковиќ истакна дека е охрабрувачки што Министерството за внатрешни работи и Комесаријатот за бегалци сепак започнале „многу активности со цел да се утврди вистинската состојба“ и бројот на потенцијалните азиланти на територијата на Србија. Србија има да центра за азиланти, во Боговаѓа и во Бања Ковиљаќа, во централниот дел од земјата, но нивните капацитети се недоволни, а последните две години имаше чести протести на локалното население кое се противи на пренатрупаност на овие центри и однесувањата на азилантите./крај/мф/сн
Извор: РТС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нафталин предизвикал пожар во банка во Бугарија, гореле пари
Околу 15.340 евра се запалиле и изгореле во касата на филијала на централната банка во Горна Орјаховица, Бугарија, јауваат локалните медиуми. 86.918 евра, кои исто така биле во трезорот, ги преживеале пламените јазици.
Инцидентот се случил доцна во вторник попладне. Еден постар маж решил да внесе заштеда од околу 2.045 евра на својата сметка за да можат неговите пари автоматски да се конвертираат во евра по Нова Година.
Се покажало дека човекот ги чувал парите во гардеробер, каде што имало и облека третирана со нафталински топчиња.. Кога банкнотите биле внесени, тие имале кристали од репелентот, кој е многу токсичен и лесно запалив кога е изложен на топлина.
Банкнотите поминале низ машината за броење и најверојатно нафталинот се кренал во воздух и влегол во клима уредот. Оттаму, искра влетала во касата, но не ја забележале вработените во банката и парите во трезорот почнале да горат. Се појавил и чад, а откако касата била отворена и во неа влегол кислород, пожарот се разгорел.
Изгорела околу 1/6 од вкупната сума во касата, која изнесувала речиси 102.264 евра. Нема повредени вработени. Пламенот бил изгаснат од пожарникари, а парите се осигурани. Износот на човекот кој ги депонирал 2.045 евра и нафталинот бил префрлен на неговата сметка – во евра.
Регион
Судот во Нови Сад ја прекина постапката против Горан Весиќ и уште двајца обвинети за падот на настрешницата
Вонстепениот совет на Вишиот суд во Нови Сад ја прекина кривичната постапка против поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, неговата поранешна помошничка Анита Димоски и поранешната директорка на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, во случајот со падот на настрешницата на железничката станица.
Тие беа обвинети за тешко кривично дело предизвикување општа опасност.
Во своето образложение, судот наведе дека нема доволно докази за да се поткрепи основано сомнение дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се сметаат за одговорни.
Со одлуката на судот им е укината мерката за домашен притвор на Танасковиќ, Спремиќ, Гавриловиќ и Тодоровиќ. Со наредба на Врховниот суд на Србија во Белград, Анита Димоски и Горан Весиќ остануваат во домашен притвор.
Паралелно, судот во Нови Сад ги потврди обвиненијата против седум други обвинети во случајот со трагедијата на железничката станица.
На 1 ноември минатата година, 16 лица загинаа, а едно лице беше тешко повредено при падот на бетонската настрешница на неодамна реновираната зграда на станицата. Инцидентот предизвика масовни протести во Србија , предводени главно од студенти, кои бараа оставка на владата и закажување предвремени парламентарни избори.
Агенцијата Франс Прес прецизира дека одлуката на судот во Нови Сад не е конечна, а обвинителството веќе ја објави својата намера да поднесе жалба.
Регион
Милановиќ: Го пречекуваме Божиќ во сенка на сè поголема неизвесност
Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, во својата божиќна честитка до граѓаните, рече дека Божиќ оваа година доаѓа во време на глобална неизвесност, закани од насилство и војни и неизвесна иднина, нагласувајќи дека е особено загрижен за поделбите и растечката недоверба во хрватското општество.
Во пораката упатена до своите сограѓани, Милановиќ нагласи дека, како претседател и граѓанин, би сакал да посака мирни и радосни празници, но дека околностите во кои се пречекува Божиќ не го дозволуваат тоа.
„Ќе го пречекаме и прославиме Божиќ пред нас во сенка на сè поголема неизвесност, сè поголеми закани од насилство и војни и неизвесна иднина“, рече претседателот, додавајќи дека во таква глобална средина во Хрватска гледа и чувствува поделби, меѓусебни обвинувања и растечка недоверба.
Тој нагласи дека негова прва и главна обврска како претседател е да стори сè што е можно за безбедноста и стабилноста на хрватското општество и државата, за да можат сите граѓани, без оглед на националноста, религијата или политичката припадност, да живеат мирно, да работат, да одгледуваат семејства и да планираат за иднината.
Зборувајќи за идентитетот на Хрватска, тој нагласи дека земјата е силна поради нејзината разновидност, не само природна, туку и разновидноста на обичаите, традициите и културата на животот кои, како што изјави, се трајно вткаени во нацијата и ја прават поотпорна на закани.
Тој, исто така, потсети на историските искуства, нагласувајќи дека Хрватска била најсилна кога била обединета, без непотребни поделби и меѓусебна недоверба, и рече дека не смее да се дозволи поделбите во мир да ја загрозат постигнатата стабилност и безбедност.
Милановиќ предупреди и на промените во глобалниот поредок, во кој, како што рече, моќта и бруталната сила сè повеќе стануваат правило, а од помалите држави се очекува послушност што се граничи со покорност. Во такви околности, нагласи тој, хрватскиот народ мора да се грижи за сопствените интереси и за иднината на своите деца, останувајќи добронамерен и праведен кон другите.
Изрази надеж дека разумот и мирот ќе преовладаат во светот, а хармонијата и меѓусебното разбирање меѓу хрватскиот народ ги наведе како своја најголема божиќна желба.

