Регион
Во упад од Косово убиен српски полицаец

На Военомедицинската академија во Белград (ВМА) претпладнето починал триесетгодишен припадник на српската жандармерија која ноќта кон четвртокот во престрелка на југот од Србија смртно го раниле лица кои упаднале од Косово, но се смета дека станува збор за двокрадци.
Во два одвоени инцидента со дрвокрадци кај Коршумлија на границата со Косово за помалку од 24 часа тешко е ранет уште еден припадник на Жандармеријата на Министерството за внатрешни работи на Србија. Полицијата соопшти и дека е убиено и едно лице кое илегално влегло на српска територија и неговото тело сé уште е на место на судирот, пренесуваат белградските електронски медиуми во четвртoкот. Друг Албанец кој учествувал во сличен судир е ранет и е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.
Лекарите потврдиле дека српскиот полицаец кој бил застрелан рано утрово околу 3 часот во главата и по реанимацијата во локалната болница во Прокупље со тешки повреди со полициски хеликоптер бил префрлен на ВМА во Белград каде во текот на претпладнето починал.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ соопшти дека најостро ќе биде реагирано на ваквите инциденти и најави испраќање силни полициски единици во областа Мердаре каде што утрово дојде до престрелките.
Според соопштението на српското МВР, во областа на Куршумлија во средата била откриена група дровкрадци од Косово, по што дошло до размена на кај селото Орловац.
Полицијата и жандармеријата биле во патрола на границата откако групи диви дрвосечачи од Косово и претходните две седмици биле забележани во споменатата област, а локалното населени од Куршумлија со години се жали дека во сезоните на подготовка на дрва за огрев за симата групи косовски Албанци, често и вооружени, им ја крадат шумата.
Во текот на минатата 2013 година српската полиција во околината на куршумлиските села неколку пати уапси поголеми групи Албанци од територијата на Подуево како крадат дрва со трактори и камиони./крај/мф/сн Свет/РегионВо упад Косово убиен српски полицаецБелград, 28.08.2014 (Макфакс )- На Военомедицинската академија во Белград (ВМА) претпладнето починал триесетгодишен припадник на српската жандармерија која ноќта кон четвртокот во престрелка на југот од Србија смртно го раниле лица кои упаднале од Косово, но се смета дека станува збор за двокрадци.
Во два одвоени инцидента со дрвокрадци кај Коршумлија на границата со Косово за помалку од 24 часа тешко е ранет уште еден припадник на Жандармеријата на Министерството за внатрешни работи на Србија. Полицијата соопшти и дека е убиено и едно лице кое илегално влегло на српска територија и неговото тело сé уште е на место на судирот, пренесуваат белградските електронски медиуми во четвртoкот. Друг Албанец кој учествувал во сличен судир е ранет и е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.
Лекарите потврдиле дека српскиот полицаец кој бил застрелан рано утрово околу 3 часот во главата и по реанимацијата во локалната болница во Прокупље со тешки повреди со полициски хеликоптер бил префрлен на ВМА во Белград каде во текот на претпладнето починал.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ соопшти дека најостро ќе биде реагирано на ваквите инциденти и најави испраќање силни полициски единици во областа Мердаре каде што утрово дојде до престрелките.
Според соопштението на српското МВР, во областа на Куршумлија во средата била откриена група дровкрадци од Косово, по што дошло до размена на кај селото Орловац.
Полицијата и жандармеријата биле во патрола на границата откако групи диви дрвосечачи од Косово и претходните две седмици биле забележани во споменатата област, а локалното населени од Куршумлија со години се жали дека во сезоните на подготовка на дрва за огрев за симата групи косовски Албанци, често и вооружени, им ја крадат шумата.
Во текот на минатата 2013 година српската полиција во околината на куршумлиските села неколку пати уапси поголеми групи Албанци од територијата на Подуево како крадат дрва со трактори и камиони./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.