Регион
Вучиќ: Бегалската криза само е одложена, но не и решена

Српскиот премиер Александар Вучиќ во средата изјави дека бегалската криза само е одложена, а никако не и решена, додавајќи дека Србија треба да очекува и нов бран на бегалци за кој треба да биде подготвена, бидејќи „невозможно е земјата да се заобиколи, како дел од мигрантската рута“, пренесува Танјуг.
„Сосема извесно е дека Србија, Бугарија и Грција секогаш ќе бидат важни земји, ако ништо друго барем во транзитот. Наша работа е за време на ова да се подготвиме и ова прашање очекуваме голема помош и поддршка. Мораме да бидеме подготвени да се засилиме нашите капацитети“, рекол Вучиќ.
Како што потенцирал српскиот премиер, кризата покажала како и останатите земји кои не се дел од ЕУ се однесуваат со бегалците, потоа како функционира владеењето на правото и како се почитуваат принципите. Србија ќе даде се од себе за да биде дел од сеопфатното решение, доколку тоа се постигне, додал тој.
„Доколку не постои заедничко европско решение, ќе се однесуваме како луѓе и ќе ги почитуваме принципите на солидарноста. Горд сум поради тоа што Србија не подигна ѕидови и правила за поделба на Балканот“, истакнал Вучиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.