Регион
Вучиќ го замолил Ципрас да не гласа за приемот на Косово во УНЕСКО

Српскиот премиер Александар Вучиќ го замолил својот грчки колега Алексис Ципрас за Грција да не гласа по приемот на Косово во Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), пренесуваат српските медиуми.
Српскиот премиер Александар Вучиќ го замолил својот грчки колега Алексис Ципрас за Грција да не гласа по приемот на Косово во Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ му го рекол на Ципрас во телефонски разговор, во кој „двајцата премиери размениле мислењеа околу мигрантската криза, согласувајќи дека неопходно е почесто усогласување на политиката по прашања“.
Претседателите на владите на двете земји разговарале и за сите регионални прашања, особено на она за Косово, велат од Канцеларијата на српскиот премиер за соработка со медиумите.
„За време на телефонскиот разговор, Вучиќ и Ципрас се согласиле дека пријателството меѓу Србија и Грција е нешто на што мора да се базираат идните економси и политички односи меѓу двете земји. Премиерот Вучиќ го повикал грчкиот колега да го посети Белград. Договорено е посетата да биде реализирана во следните три до четири месеци“, се додава во соопштението од Канцеларијата на српскиот премиер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.