Регион
Вучиќ: Навредите не градат иднина, тоа го прави искрениот однос на Србите и Бошњаците

Српскиот премиер Александар Вучиќ во четвртокот во Брисел изјавил дека навредите кои се упатуваа кон Србија на темата Сребреница никако не водат кон подобра иднина, туку дека тоа треба да се постигне преку еден поинаков, поискрен однос меѓу Србите и Бошњаците, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот премиер Александар Вучиќ во четвртокот во Брисел изјавил дека навредите кои се упатуваа кон Србија на темата Сребреница никако не водат кон подобра иднина, туку дека тоа треба да се постигне преку еден поинаков, поискрен однос меѓу Србите и Бошњаците, пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ рекол дека поради тоа се воздржува од реакција на „бројните навреди кои пристигнуваат, но дека не го прави тоа поради тоа што Србија е слаба, туку поради тоа што земјата сака да гледа кон идината и да ги зачува мирот и стабилноста“.
По средбата со претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, српскиот премиер порачал дека „за оние кои сакаат да ја рушат атмосферата, кои мислат дека со тоа можат нешто да добијат, за нив тој нема одговор и не разбира што тие гледаат во тоа“.
„Меѓусебниот однос на Србите и Бошњаците, тоа е првата работа, а не политичка флоскула поради тоа што Европа бара нешто од нас и јас сметам дека многу поважно е каков однос ќе имаме ние Србите и Бошњаците меѓусебно, а не како тоа ќе биде уредено во Брисел, Њујорк, Вашингтон или било каде“, рекол Вучиќ.
На прашањето како гледа на усвоената резолуција за Сребреница во Европарламентот, тој додал дека нема коментар, но додал дека забележал оти „хрватските пратеници биле најгласни и најактивни“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.