Регион
Вучиќ смета дека српските борци во Украина ѝ штетат на земјата

Српскиот премиер Александар Вучиќ оцени во вторникот дека ангажирањето борци од Србија во Украина ѝ нанесува штета на државата, како и дека Србија „не учествува во тие судири“,
„Србија води одговорна политика. Не сме во можноста законски да реагираме, но сѐ повеќе водиме сметка за лицата кои се враќаат од сириската и од ирачката територија и за оние кои во Украина учествуваат во судирите. Го следиме нивното делување во земјата“, ја пренесуваат српските медиуми изјавата на премиерот Александар Вучиќ по повод извештаите дека на боиштата во Украина војуваат и доброволци од Србија.Вучиќ истакнал дека за Србија „војните се завршени“ и ги повикал сите кои војуваат на територијата на Украина да се вратат во земјата и „да се грижат за своите семејства“, бидејќи „не е нивно да војуваат во туѓа земја, ниту за 6.000, ниту за 1.200 долари, зависно од тоа колку кој ги плаќа“. Српскиот премиер тврди дека станува збор за лица кои во 90 отсто се платеници, но дека „ѝ нанесуваат голема штета на Србија“.„За Србија и за српскиот народ војните одамна се завршени. Ние гледаме во мирна иднина, во која размислуваме како во 2016 година да бидеме економски најнапредната земја во регионот“, рекол Вучиќ пренесува Радиотелевизија Србија.Во понеделникот руските медиуми објавија соопштение на српскиот ткн „четнички“ одред „Јован Шевиќ“ во кое се наведува дека српските доброволци се судриле со украинските сили и го одбил обидот да го заземат клучниот автопат во источниот дел од Украина. Според руските медиуми, српските доброволци дошле во Украина бидејќи се знаат со еден од водачите на проруските бунтовници Игор Стрелков, кој, пак, во 1990-те на српска страна како доброволец војувал во Босна. Српските електронски медиуми во вторникот објавија дека во источна Украина на страна на проруските бунтовници се борат најмалку стотина Срби. Меѓу нив асе 45 припадници на четничкото движење и 20 доброволци, како и 20 до 30 Срби или луѓе со српско потекло кои и претходно живееле во Украина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.