Контакт

Регион

За Цирпас е прифатлив референдум за да се избегне раскол во Сириза

Објавено пред

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја повика во четвртокот својата коалиција на радикалната левица Сириза следниот месец да одржи вонреден конгрес за да го премости внатрешните поделби, но и додаде дека предвремениот партиски референдум ќе биде прифатлив доколку левичарските опоненти од фракцијата Лева платформа сакаат побрзо решение.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи се пред централниот одбор на Сириза, премиерот Алексис Ципрас изјави дека одлуката за стратегијата на партијата не би требало да биде донесена набрзина, како и дека, доколку се покаже потребно, предлага одржување референдум во недела.

„Му предлагам на централниот одбор одржување на вонреден конгрес на којшто ќе се расправа за тоа што значи да се биде на власт за нас како левичари, како и за нашата стратегија во односот кон условите за пакетот помош“, рече Ципрас.

„Меѓутоа, постои и друг став, кои се уважува не ја прифаќа владината анализа и верува дека постои алтернатива за договорот од 13-ти јули“, додаде грчкиот премиер алудирајќи на договорот за третиот пакет меѓународна финансиска помош од доверители за да се избегне банкротот на Грција и нејзиното излегување од еврозоната. „Доколку тоа се случи (…), тогаш предлагам партијата за тоа клучно прашање да одржи референдум“, додаде.

Тројца членови на фракцијата Лева платформа на состанокот на партиските тела во вторникот го повикаа Ципрас да ги напушти преговорите за третиот пакет помош и да разработи план за напуштање на еврозоната. Централниот одбор на Сириза има 200 членови, од кои повеќе од половината претходно овој месец гласаа против договорот со меѓународните доверители.

Владите на земјите членки на еврозоната на 13-ти јули, по серијата долги и бурни состаноци во Брисел, на опустошената Грција ѝ одобрија почеток на преговорите за третиот пакет надворешна финансиска помош во вредност до 86 милијарди евра, за да се избегне нејзиниот банкрот и излегување од еврозоната, само една седмица откако Грците на референдум го послушаа Ципрас и го отфрлија планот кој предвидуваше понуда дури и со поблаги услови. Ципрас го прифати договорот за новиот пакет постигнат на самитот на еврозоната, иако изјави дека тоа било „лоша ноќ за Европа“, а договорот 1 бил „наметнат“ на Грција, но и дека ја спасил Атина од излегување од еврозоната и оттаму мора да биде спроведен./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Земјотрес во Грција

Објавено пред

Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.

Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.

Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.

Прикажи повеќе...

Регион

Бугарскиот претседател поднесе оставка

Објавено пред

Од

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.

dobivaj vesti na viber

„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.

Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.

Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.

„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.

фото/епа

Прикажи повеќе...

Регион

МОЛ го презема српскиот НИС

Објавено пред

Од

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека е постигнат договор меѓу руската и унгарската страна, што треба да доведе до поволен исход во процесот на трансформација на Нафтената индустрија на Србија (НИС).

dobivaj vesti na viber

„МОЛ и ‘Гаспромнефт’ се согласија за основните одредби од идниот договор за продажба на НИС, кој ќе биде испратен до американската администрација за одлука, а Србија успеа да го зголеми својот удел во сопственост за пет проценти во преговорите“, рече министерката.

Изјавата доаѓа по неколку месеци интензивни разговори и неизвесност за иднината на NIS, дополнително интензивирани од геополитичките притисоци, санкциите против руските енергетски компании и растечкиот интерес на Европската Унија за структурата на сопственост и управување со стратешките енергетски системи во регионот.

Ѓедовиќ Хандановиќ потврди дека МОЛ и „Гаспромнефт“ се согласиле за основните одредби од идниот договор за продажба.

„Тоа беше барање на американската администрација и како такво ќе биде испратено до американската администрација за одлука. Важно е што во овие преговори Србија успеа да ја подобри својата позиција во споредба со 2008 година, кога останавме под 30 проценти сопственост. Беше договорено дека во иднина ќе го зголемиме нашиот удел во српската нафтена индустрија за пет проценти и ќе го достигнеме бројот на акции што ќе ни овозможи поголеми права за донесување одлуки во Собранието на акционери“, рече министерката.

 

фото/епа

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 минути

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет1 час

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет2 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет2 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет2 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа3 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет3 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет4 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија20 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија22 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија22 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет23 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет24 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија1 ден

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет1 ден

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ1 ден

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија1 ден

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија2 дена

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...