Регион
За ‘тигрите’ на Аркан до 21 година затвор во Шпанија

Четворица поранешни припадници на српската паравоена групација „Арканови тигри“ се осудени на казни затвор до 21 година во Шпанија, во прв ред поради припадност на злосторничка организација, соопшти во вторникот шпанското правосудство.
Четворица поранешни припадници на српската паравоена групација „Арканови тигри“ се осудени на казни затвор до 21 година во Шпанија, во прв ред поради припадност на злосторничка организација, соопшти во вторникот шпанското правосудство.
Владимир Милисављевиќ, веќе претходно осуден поради убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, Лука Бојовиќ, Владимир Мијановиќ и Синиша Петриќ беа уапсени во февруари 2012 година во Шпанија. На Бојовиќ во 2009 години му беше судено за бруталното убиство на сонародникот Милан Јуришиќ, но беше ослободен.
Сите четворица биле припадници на озлогласениот Земунски клан, мафијашка организација којашто била формирана од поранешните припадници на паравоената формација на подоцна убиениот Жељко Ражњатовиќ Аркан, позната како „Арканови тигри“.
Милисављевиќ е осуден на десет години затвор поради „поседување воено оружје“, на уште пет години поради „припадност на злосторничка организација“, три години доби поради прикривање на докази и уште три поради „поседување лажни документи“.
Тој во Србија во 2007 година во отсуство е осуден на 35 години затвор поради атентатот во кој беше убиен премиерот Ѓинѓиќ, а шпанското правосудство во 2013 година ја одобри неговата екстрадиција на Србија, но под услов првин да ја отслужи казната во Шпанија.
Бојовиќ по трите точки од обвинението е осуден на вкупно 18 години затвор, но истовремено е ослободен од обвинението за грозоморното масакрирање на Јуришиќ. Петриќ доби 15 години затвор поради „поседување воено оружје“ и „припадност на злосторничка организација“, а поради таквата „припадност“ Мијановиќ е осуден на пет години затвор./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.