Регион
Забрана за гостување за црногорски театар во Србија поради Косово и УНЕСКО

Центарот за култура на српскиот град Пожаревац го одбил гостувањето на театарот од црногорскиот град Колашин, поради тоа што претставниците на Црна Гора гласаа за приемот на Косово во УНЕСКО, пренесуваат српските медиуми.
Центарот за култура на српскиот град Пожаревац го одбил гостувањето на театарот од црногорскиот град Колашин, поради тоа што претставниците на Црна Гора гласаа за приемот на Косово во УНЕСКО, пренесуваат српските медиуми.
Членовите на ансабмлот на аматерскиот театар од Колашин на социјалните мрежи го објавиле интегралното писмо во кое се објаснува зошто тие не се пожелни за тамошната публика, односно дека одбивањето е поради тоа што „Црна Гора ги поддржала душманите на Србија, кои имаат намера да бидат примени во УНЕСКО“.
Во писмото се додава дека управата на Центарот во Пожаревац не може „пред својата публика да претстави уметници од држава која се залага за натамошно одземање на српската земја и српската културна светост“.
Црна Гора во 2008-ма година го призна Косово, а неодамна на Извршниот совет на УНЕСКО ја поддржа препораката Косово да биде примено во оваа организација./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.