Регион
Земјотрес во Сараево
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/zemjotres-5.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, забележан е во сабота наутро на подрачјето на главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.
Како што јавија босанските медиуми, апаратите во Центарот за сеизмологија на федералниот хидрометеоролошки завод, ноќеска околу 00.38 часот регистрирале посилен земјотрес со епицентар на 40 километри источно од Сараево, на подрачјето на Рогатица.
Магнитудата во хипоцентарот изнесувала 4,4 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот VI степени според Меркалиевата скала.
Според прелиминарните податоци, овој потрес може да предизвика помала материјална штета во епицентарот, соопшти Федералниот хдрометеоролошки завод во Сараево./крај/о/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Уапсен градоначалникот на Тирана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12152716.jpg)
Албанските власти денеска го уапсија градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, по што премиерот Еди Рама веднаш ги откажа сите состаноци што требаше да ги одржи во Скадар во текот на денот.
Велијај денеска е уапсен од членови на Националното биро за истраги, по наредба на Специјалното обвинителство на Албанија, објавија медиумите во таа земја.
Специјалното обвинителство го истражуваше Велијај под обвинение за злоупотреба на службената положба, активна и пасивна корупција, непријавување имот и перење пари, објави албанската телевизија А2 Си-Ен-Ен.
Членови на Националното биро за истраги упаднаа во неколку деловни простории поврзани со сопругата и братот на градоначалникот на Тирана.
Премиерот Рама денеска во Скадар требаше да се сретне прво со претставници на неговата Социјалистичка партија и градоначалници на работен ручек, а потоа и со претставници на локалниот огранок на социјалистите. Неколку минути по апсењето на Велијај, Рама ги откажа сите средби и се врати во Тирана.
Регион
И потрошувачите во Романија и Бугарија ќе ги бојкотираат маркетите поради високите цени: „Ваквите поскапувања се неприфатливи“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kasa-market-2.jpg)
Потрошувачите во Романија, по примерот на Хрватска, беа повикани да ги бојкотираат супермаркетите бидејќи се соочуваат со највисока инфлација во Европската унија, повик што во четвртокот го упати и Бугарија.
Во Романија, растечката екстремна десница повика на бојкот.
„Ваквите поскапувања се неприфатливи“, рече поранешниот претседателски кандидат Калин Ѓорѓеску во видеото на Фејсбук. Тој неочекувано излезе на врвот во првиот круг од претседателските избори во ноември, кој потоа беше поништен поради сомневањата за руско мешање во кампањата.
Во соседна Бугарија, каде што инфлацијата скокна за 15 отсто во 2022 година, за четврток е планиран бојкот на повик на различни организации.
„Да им покажеме на трговците на 13 февруари дека има гневно граѓанско општество“, им рече на новинарите поранешниот пратеник и поранешен бугарски амбасадор во Хрватска и повика на ограничување на цените на основните прехранбени производи.
Георгеску ги повика Романците да ги бојкотираат големите продавници и да се свртат кон локалните продавници и маалските продавници кои продаваат романски производи.
Инфлацијата, за која економистите велат дека е поврзана со високиот долг и бавните реформи во корумпираната земја, се искачи на 5,5 отсто во 2024 година, откако го достигна врвот на 14 отсто во 2022 година. Оваа ситуација го охрабри гласањето за екстремно десничарските партии на неодамнешните парламентарни избори.
Заедно, трите националистички партии собраа една третина од гласовите на парламентарните избори на почетокот на декември.
На повикот за бојкот се приклучи и лидерот на партијата Георг Симион.
„Им се придружувам на Романците на 10-ти февруари кои велат „доста е“ за злоупотребите на големите синџири“, рече тој, осудувајќи ги „огромните профити“ направени од странските компании.
Во моментов нема достапни податоци за да се оцени успехот на иницијативата.
Во Хрватска, бојкотот на крајот на јануари доведе до голем пад на продажбата.
Другите балкански земји го следеа примерот на Хрватска.
Регион
Курти прогласи победа, ќе мора да бара партнери за владата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/1669051065-2022-11-07T164159Z_1482572937_RC2FTV95CULW_RTRMADP_3_KOSOVO-SERBS-GOVERNMENT-750x500.jpg)
Косовскиот премиер Аљбин Курти прогласи победа на неговото движење Самоопределување на парламентарните избори на 9 февруари, но тој нема да може сам да формира влада.
Прелиминарните резултати покажуваат дека Самоопределување ќе има речиси 47 пратеници во новото косовско Собрание, со освоени 41 отсто од пребројаните гласови. Втора е опозициската Демократска партија на Косово со 22,19 отсто добиени гласови, потоа Демократскиот сојуз на Косово со 17,62 отсто од гласовите и Алијансата за иднината на Косово (ААК) со 7,61 отсто.
Српската листа, најголемата партија на косовските Срби освои 4,2 отсто од гласовите и, според нејзините лидери, ќе ги освои сите 10 места во парламентот што ѝ се загарантирани на српската заедница
Право на глас имаа нешто повеќе од два милиона граѓани, а на гласање излегле 40,51 отсто од нив.