Регион
Зери: Околу 20 семејства од Косово отишло во ИС

Околу 20 семејства од Косово од почетокот на годината отишле во Сирија и Ирак за да се приклучат на терористичката организација Исламска држава, пишува во недела приштинскиот весник Zeri
Весникот пишува дека во Сирија и Ирак заминале брачни двојки со деца. Репортерите на весникот посетиле неколку семејства, меѓу кои и семејството Хасани од Клин од кое 10 членови заминале за Сирија од почетокот на годинава.
Од семејството Хасани во куќата останала само бабата со најмладиот син, а единствениот нејзин одговор бил „заминаа да војуваат во име на Алах“, пренесува „Зери“.
Набрзо по одењето во Сирија, еден од тројцата синови, Екрем Хасани, загинал во борбите и сé уште не се знае судбината на неговите жена и децата.
Нивната куќа се наоѓа во селото Грабаница во општина Клин, во доста сиромашен дел.
Ниеден од тројцата синови кои отишле во Сирија не бил вработен пред заминувањето, раскажала нивната мајка.
Во Косово е отворена јавна расправа дали сиромаштијата е причина која ги тера косовските жители да се приклучат на Исламската држава, но сите не се согласуваат со ова тврдење.
Имамот од џамијата во Подуево, Беким Јашари кој ги обвинува вехабиите за ситуацијата во Косово, за весникот изјавил дека на луѓето најпрвин им го „перат мозокот“ преку лица кои ги повикуваат во име на бог да војуваат, а после тоа, како причини за заминувањето на Косоварите ги наведува сиромаштијата, необразованието и изолацијата./крај/мф/ффс
Извор: Tanjug
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.