Европа
Штајнмаер: Победата на Трамп мора да се почитува

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави во средата дека исходот на претседателските избори во САД е „поинаков од онoj што повеќето луѓе во Германија го посакуваа, но, се разбира, ние треба да го почитуваме”, пренесуваат светските медиуми.
Штајнмаер вели дека победата на Доналд Трамп значи дека „ништо нема да биде полесно. Ќе биде многу потешко.”
Но, сепак, како што им кажа на новинарите во Берлин во средата, важно е да се задржат добрите трансатлантски односи кои тој ги нарече темели на Западот.
Министерот додаде дека Германија ќе бара дијалог со администрацијата на Трамп, но предупреди дека американската надворешна политика, најверојатно, ќе стане “помалку предвидлива”./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Судот ќе ја изрече пресудата за Депардје во мај

Кривичниот суд во Париз во четвртокот објави дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата за актерот Жерар Депардје за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година.
Француското обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и парична казна од 20.000 евра за Депардје, објави весникот Le Parisien и другите медиуми.
Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со бројни обвинувања за сексуално вознемирување низ годините, да биде изведен пред суд.
Депардје призна дека ја фатил една од жените за бутот, но негираше дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против неговиот клиент се лажни и дека истражителите биле пристрасни.
Европа
(Видео) Нереални снимки од протестот: Пикачу ги поддржа граѓаните во Турција

Надреално видео од Покемон кој наводно бега од полицијата за време на протестите во Турција стана вирална. Имено, некој облечен како Пикачу е снимен како бега од полицијата која брка демонстранти. Снимката наводно е направена во Анталија.
Виралното видео, кое нашироко се споделува на социјалните мрежи, се чини дека потекнува од турскиот фоторепортер Исмаил Коцероглу.
Исмаил во четвртокот објави видео на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како костимиран демонстрант бега со толпа граѓани.
Дали е автентична снимката на која Пикачу бега од полицијата не е потврдено.
Сепак, Исмаил продолжи да поставува видеа од овој маскиран демонстрант. Синоќа, тој повторно објави видео од Пикачу како шета низ улиците на Анталија, наведувајќи дека Пикачу „се приклучил на осмиот ден од демонстрациите“.
Европа
Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да се овозможи одржување на нови избори во земјата и потпишување на клучни договори со цел да се постигне решение, пренесоа руските новински агенции.
Во изјава за медиумите за време на неговата посета на северното пристаниште Мурманск, Путин исто така рече дека Русија постепено, но самоуверено се движи кон постигнување на своите цели во конфликтот во Украина, кој трае повеќе од три години.
Тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој тргна кон подобрување на односите со Москва и постигнување договор, искрено сака мир во Украина.
Путин, кој учествуваше на конференцијата во Мурманск посветена на арктичкото прашање, исто така рече дека Русија е подготвена да соработува со Северна Кореја во работата за решавање на конфликтот.
Изјавите на Путин за привремената администрација се чини дека се негов одговор на неговите долгогодишни жалби дека украинските власти не се легитимен партнер во преговорите бидејќи претседателот Володимир Зеленски остана на власт и по крајот на неговиот мандат во мај 2024 година.
„Во принцип, се разбира, може да се воспостави привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД, европските земји и нашите партнери. Тоа би било за да се одржат демократски избори и да се донесе на власт способна влада која ја ужива довербата на народот, а потоа би се започнале разговори со нив за мировен договор“, рече Путин во разговор со морнарите на пристаништето.
Путин, исто така, рече дека напорите на Трамп да продолжи со директните преговори со Русија – за разлика од неговиот претходник Џо Бајден, кој избегнуваше контакт – покажуваат дека новиот американски претседател сака мир.
„Според моето мислење, новоизбраниот американски претседател искрено сака крај на конфликтот поради повеќе причини“, ги пренесе агенцијата неговите зборови.
Русија, изјави Путин, е за „мирно решавање на секој конфликт, вклучително и овој, со мирни средства, но не на наша сметка“.
„По целата линија на воен контакт, нашите трупи ја имаат стратешката иницијатива“, тврди тој. Русија, наведе тој, „упорно и самоуверено“ се движи кон остварување на своите цели.
Путин изјави и дека Русија е подготвена да работи со многу земји, вклучително и со Северна Кореја, за да помогне да се стави крај на војната во Украина. Западни и украински извори велат дека повеќе од 11.000 севернокорејски војници се испратени да ги засилат руските трупи во западниот московски регион Курск, иако Москва тоа не го потврди.