Свет
Сириската војска има целосна контрола над источно Алепо, опозицијата не е спремна на отстапки
Сириската војска и провладините милиции ги истиснале вооружените групи и од последната позиција на отпорот во квартот Фирдоус и воспоставиле целосна контрола над источните делови во северниот град Алепо, а опозициските сили велат дек и покрај падот на нивните упоришта во вториот по големина град во Сирија кои речиси четири години ги имаа под контрола, не се подготвени на отстапки кон претседателот Башар ал-Асад.
Информациите за целосното заземање на Алепо од владините сили предизвика одушевување кај цивилното население кое излегува на улиците во западните квартови и ги поздравува сириските борци, пренесува агенцијата Lebanon News.
Сириските сили и нивните сојузници пред три седмици ја започнаа големата офанзива за враќање на деловите од Алепо кои беа под контрола на опозициските групации во сојуз со радикалните исламистички групи.
И опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон соопшти дека Алепо речиси целосно е под контрола на владините сили.
„Битката за Алепо се приведува кон крајот. Прашање е уште само малку малку време (… ) и потоа следува целосен рах“, изјави директорот на SOHR, Рами Абдел Рахман.
Телевизисите снимки од Алепо прикажани на телевизијата Press TV покажуваа егзалтирани цивили кои го слават потиснувањето на бунтовниците од некогашната финансиска престолнина на Сирија по четири години.
Едно од предградијата од кое бунтовниците целосно се повлекле е и Бустан ал-Каср, некогаш најутврдениот дел од градот. Бунтовниците се повлекле во неколку населби во југоисточно Алепо, особено во Сукара и Машад, но војската соопшти дека „99 отсто од градот е ослободен“.
Главниот координатор на сириската опозиција Риад Хиџаб во понеделниот изјави дека падот Алепо нема да ја ослаби нивната решителност како противници на претседателот Башар ал-Асад да го тргнат од власта.
„Доколку Асад и неговите сојузници мислат дека воените успеси во некои квартови на Алепо значат дека ќе се согласиме на отстапки, тогаш им порачувам дека тоа нема да се случи. Нема да се согласиме на никакви отстапки“, рече Хиџаб, поранешен премиер во владата на Асад, за новинарите по средбата во Париз со францускиот претседател Франсоа Оланд, пренесе AFP. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.