Свет
Трамп го именува генералот Кели за министер за национална безбедноста
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го номинирал пензионираниот генерал Џон Кели на местото министер за национална (татковинска), тврдат извори од транзицискиот тим на Трамп.
„Децении генералот Џон Кели мина во воената служба, и неговата силна посветеноста на борбата со терористичката закана на територијата на нашата земја го прават идеален кандидат за местото челник на националната одбрана“, се наведува во изјавата што ја пренесува Reuters.
Се истакнува, исто така, дека Кели е „вистинскиот човек кој може да иницира носење итни мерки за справување со илегалната миграција, заштитата на нашите граници и подобрување на координацијата меѓу нашето разузнавање и правосудните служби“.
За намерата на Трамп да го назначи 66-годишниот генерал Кели на чело на министерството за татковина сигурност претходно пренесе телевизиската мрежа CBS News. Според оваа телевизија, Кели, кој поднесе оставка на челното месо на Јужната команда на американските вооружени сили во јануари годинава, веќе ја прифатил понудата од новоизбраниот претседател. Со тоа, тој ќе биде третиот човек во администрацијата на Трамп со генералски чин. Претходно медиумите пишуваа дека Кели е најверојатен кандидат за позицијата државен секретар или шеф на Пентагон.
Служејќи во американската армија повеќе до 40 години, пензионираниот генерал на Маринскиот корпус, Кели е познат по своите критики на администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама. Како челник на Јужната команда, под чија одговорност потпаѓа и злогласниот затвор Гвантанамо на Куба, тој жестоко се противеше на неговото затворање и според американските медиуми, дури и го попречувал остварувањето на ова ветување на Обама. Го критикуваше, исто така, и укинувањето на ограничувањето за жените за воена служба во сите родови на американската армија.
Во периодот 2008/2009 година, генералот Џон Кели командуваше со коалиционите сили предводени од САД во западен Ирак. Неговиот син, потполковникот Роберт Мајкл Кели, во 2010 година загина во Авганистан.
Министерството за национална безбедност е третото министерство по големина во САД, во кое се активни 240.000 службеници. Ова министерство, формирано по серијата терористички напади во САД во 2001 година, е одговорно за јавната безбедност, борбата со кибернетичкиот криминал, за предупредување и од природни катастрофи, а исто така и за проблемите со имиграцијата и за сигурност на границите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.