Свет
Урната со пепелта на Кастро наближува до последното почивалиште
Урната со пепелта на легендарниот комунистички водач на Куба, Фидел Кастро, го завршува во саботата последната делница од патувањето низ земјата до колепката на кубанската револуција градот Сантјаго де Куа, каде во неделата ќе биде положена во земјата покрај мавзолејот на јунакот за кубанската независност Хозе Марти.
По тридневното патешествие, пепелта на Фидел Кастро воковчег одкедар и прекриен со кубанското знаме тргнува по градот Бајама до 130 километри оддалечениот Сантјаго де Куба, вториот по големина град во земја.
Сместен во подножјето на планината Сиера Маестра, овој пристанишен град е место каде што е родена легендата за Фидел Кастро. Во саботата вечерта е предвидена процесија по улиците на Сантјаго, како и говор на сегашниот кубански претседател Раул кастро кој во 2006 година го наследи својот постар и веќе болен брат.
Меѓу странските челници своето доаѓање го потврдија француската министерка за екологија социјалистката Сеголен Ројал, како и легендата на аргентинскиот фудбал Диего Марадона.
Во неделата посмртните останки на поранешниот кубански челник кој почина пред една седмица на 90-годишна возраст, ќе бидат погребани на гробиштата Санта Ифигенија во Сантјаго во близина на мавзолејот на Хозе Марти, историскиот кубански херој.
За погребот се вели дека ќе биде „приватен обред“ без присуство на камери и странските новинари. Со полагањето на урната ќе заврши деветодневната национална жалост објавена по смртта на водачот на кубанската револуција. Седмицата на оддавање почести започна со дводневните церемонии на оддавање почести во главниот град Хавана,а потоа урната патуваше низ земјата во насока спротивна од победничкиот пат кој Фидел Кастро го започнал во1959 година.
Додека урната минуваше низ градовите Матанзас, Карденас,Сиенфуегос, Санта Клара, Камагуеј, Лас Тунас, Холгуин и Бајамо, стотици илјади луѓе го поздравуваа таткото на кубанската револуција. Од друга страна, пак, повеќето дисиденти во текот на деновите на жалоста, во прв ред о страв од одмазда, беа дискретни, но се предвидува дека ќе ја продолжат борбата против комунистичката власт што ја втемели Кастро, кого Западот го критикува за кршење на граѓанските и на човековите права./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

