Daily news
Путин, Меркел и Оланд обединети против тероризмот
Претседателот на Русија, Владимир Путин одржа телефонски разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд.
Во текот на телефонскиот разговор лидерите на трите земји разговарале за редица прашања, вклучително и борбата против тероризмот и ситуацијата во Донбас.
Во соопштението од Кремљ, цитирано од НТВ, Меркел и Оланд изразиле најдлабоко сочувство во врска со варварскиот терористички акт во метрото на Санкт Петербург.
Лидерите на трите земји ја истакнале важноста од зајакнувањето на соработката во борбата против тероризмот и се согласиле да ја засилат размената на разузнавачките информации.
Покрај тоа, во текот на разговорот посебно внимание било посветено на расправата на гарантирањето на одржливиот режим на прекин на огнот во Донбас.
Соговорниците ставиле акцент и на важноста од почитувањето на најавеното склучено примирје што на 1 април го потикна Контакт групата.
Рускиот претседател, исто така повика за итен прекин на блокадата на регионот која го наметна Киев. /крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
