Вести
Азербејџанците гласат за јакнење на овластувањата на претседателот Алиев

Азербејџанците во понеделникот излегоа на оспоруваниот референдум за јакнење на овластувањата на долгогодишниот претседател на земја, Илхам Алиев, а предложените уставни промени опозицијата и активистите за човекови права ги сметаат за недемократски.
Со предложените измени претседателскиот мандат би се продолжил од пет на седум години и би се востановила позицијата на еден моќен прв и уште неколку потпретседатели.
Опозицијата во пресрет на референдумот одржа протест тврдејќи дека станува збор за обид на претседателот 54-годишиот Илхам Алиев да си осигури останување на власт на неговото семејство, во оваа поранешна советска република која е богата со нафта
Правните експерти на Советот за Европа оценија дека уставните промени „тешко би ја нарушиле рамнотежата на моќ, давајќи му на претседателот досега невидени овластувања“.
Организацијата Amnesty International смета дека „амандманите ќе доведат до кршење на слободата на здружување“. „Референдумот го следат апсења и закани. Оние кои критикуваат и се борат против тие предлози, се изложени на напади и вознемирување од страна на власта“, соопшти организацијата.
Алиев управува со Азербејџан од смртта на неговиот татко Хајдер, поранешен комунистички челник кој умре во 2003 година, откако на чело на земјата беше десет години./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Порно ѕвезда му се заканува на Трамп, вели: „Ова ќе го боли“

Порно ѕвездата Сторми Даниелс тврди дека снимките од телефонски разговори, кои таа му ги предала на својот адвокат, ќе го „болат“ поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
44-годишната Даниелс се најде во центарот на истрагата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брего, што Обвинителството ја води против 76-годишниот Трамп, поради неговата наводна исплата на 130.000 долари на Даниелс за време на претседателската кампања во САД во 2016 година.
Наводно и била платена сума за да и се „купи“ молчењето за нивната секс афера од 2006 година.
„Сигурна сум дека јас ќе се смеам последна. Денеска му дадов информации за мојот телефон на мојот адвокат (ова ќе го боли!) и планирам активности за пролетниот распуст со моето дете. Беше убав ден“, напиша Даниелс на Твитер.
Сторми почна јавно да зборува за доказите откако сослушувањето на големата порота беше ненадејно откажано откако неидентификуван сведок не се појави на суд.
Минатата недела, Даниелс и нејзиниот адвокат, Кларк Брустер, за прв пат се сретнаа со канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен поради извештаите дека обвинението против Трамп е неизбежно.
„Сторми одговараше на прашања и се согласи да се стави на располагање како сведок и да биде достапна за понатамошна истрага доколку е потребно“, рече Брустер.
Да потсетиме, Сторми за прв пат се сретна со Трамп во летото 2006 година на хуманитарен голф турнир во близина на езерото Тахо, во планините Сиера, на самата граница на Калифорнија и Невада. Таа тогаш имаше 27 години, а Трамп 60. Според неа, тој ја поканил во својот стан на вечера и ја пречекал во пижами, удобно легнат на каучот. Тие потоа се го имале, како што таа го опиша „најдосадниот секс во нејзиниот живот“. Трамп, од друга страна, негира дека некогаш бил интимен со Даниелс и ја обвинува за „изнуда“ и „тотална измама“.
Она што со сигурност се знае е дека Даниелс добила 130.000 долари за нејзиниот молк пред претседателските избори во 2016 година. Исплатата е дел од истрагата на Окружниот суд на Менхетен за можни прекршувања на законите за финансирање на кампањата.
Кога таа финансиска трансакција излезе на виделина во 2018 година, Даниелс побара од судот да го поништи нејзиниот договор за необјавување со Трамп и почна да се појавува на телевизиски емисии.
Вести
Заминува ли Вагнер од Украина: Има гласини дека Пригожин планира да се фокусира на Африка

Шефот на руската платеничка група, Вагнер, најверојатно ќе го сврти своето внимание од војната во Украина, објави „Блумберг“ во четвртокот, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.
Според извори на „Блумберг“, Евгениј Пригожин планира да го префрли својот фокус назад кон Африка, за каде се верува дека има негови борци. Станува збор за земји како Судан, Централноафриканската Република, Мали.
Се верува дека наводната промена на планот е поврзана со неодамнешните несогласувања помеѓу Пригожин и највисоките воени команданти кои посеаја сомнежи кај рускиот претседател Владимир Путин за воените способности на Вагнер, изјавиле за „Блумберг“ луѓе блиски до Кремљ и разузнавачките служби, кои сакале да останат анонимни.
Наводно, командантите тврделе дека резултатите што ги постигнал Вагнер во Украина дошле со фрлање на огромен број регрутирани затвореници во смрт, објави „Москва тајмс“. Претходно, Пригожин беше снимен како лично регрутира затвореници да се борат за Вагнер во Украина, а снимките биле направени во неколку руски затвори кон крајот на летото и почетокот на есента.
„Блумберг“ додава дека операциите на Вагнер во Африка веројатно ќе привлечат поголемо внимание од Пригожин, доколку ситуацијата во Украина стане потешка за платеничката група.
„Нацрт-известувањето на Вагнер објавено во понеделникот, исто така, нуди барања за служење во Африка кои се движат од девет до 14 месеци, наведувајќи дека оние што се регрутирани ќе бидат сместени во резерва“, напиша медиумот.
По години работа во сенка, Вагнер групата зачекори во центарот на вниманието среде инвазијата на Украина и презеде водечка улога во борбите за источниот град Бахмут од летото 2022 година, земајќи големи загуби во процесот.
Но, тензиите меѓу Вагнер и Министерството за одбрана на Русија тлееја со месеци бидејќи Пригожин ја обвини руската војска дека ја презема заслугата за победите на борците на Вагнер и го забавува напредувањето на единиците на Вагнер.
Вести
Вучиќ за налогот на апсењето на Путин: Ние имаме попаметна работа, има стручњаци нека се пријават и помогнат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговараше пред новинарите за тоа дали ќе го уапси рускиот претседател Владимир Путин, постапувајќи по налогот на Меѓународниот кривичен суд, со кој неговата држава има соработка и чие законодавство го прифаќа. Вучиќ смета дека одлуката за апсење на Путин ќе има лоши последици, ќе нанесе штета на луѓето и која потврдува дека има голема неспремност да се разговара за мир и примирје меѓу Русија и Украина.
„Во однос на апсењето, немојте да се лутите, ама тоа е глупаво прашање, бидејќи вас ви е јасно дека додека трае војната, Путин нема како да дојде до Србија, а камо ли нешто друго. Што се однесува до апсењето, јас не сум апсел ниту лица под обвинение, а и ниту оние кои ги барал ад-хок трибуналот (Хашкиот суд), тоа не е Меѓународниот кривичен суд со кого имаме соработка. Има стручњаци, можат доброволно да се пријават, овие што Србите ги ставаа во вреќи и ги праќаа во САД. Можат да се пријават и да помогнат – не знам на кого. Јас и Србија имаме попаметна работа во овој момент“, рече Вучиќ.
Тој рече дека треба да има примирје, а не да се чека победа, по што ги праша новинарите: „Стварно мислите дека Русија ќе ја поразите за 3 или 6 месеци? Верувате во тоа?“.
„Несомнено дека целта на тие кои го направиле тоа е да му ја отежнат комуникацијата на претседателот на Русија, а секој кој разговара со него да има во глава дека зборува со лице обвинето за најтешки воени злосторства, додатно да ја отежни економската позиција на Русија од истите причини… И тоа би биле политички причини кои ги разбирам, но зачувувањето на животи е поважно“, рече Вучиќ.