Вести
Москва ги отфрли критиките на САД и Лондон за Сирија како „неприфатливи“

Русија во понеделникот ги критикуваше САД и Велика Британија чиишто амбасадори во неделата поради тоа што нејзиното дејствување во Сирија го нарекоа „варваризам“ критикувајќи ги продолжените воздушни удари на руската и сириската авијација врз неколкуте квартови во северниот сириски град Алепо кои се под контрола на бунтовниците коишто ги поддржува Западот но се измешани со исламистичките групи од кои, како што обвинуваат Москва и Дамаск, не се дистанцираа според руско-американскиот договор од 9-ти септември за прекин на огнот на сириското боиште.
„Забележуваме генерално неприфатлив тон реторика од претставниците на Обединетото Кралство и САД, кои може да им нанесат штета на нашите односно“, изјави за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
Британскиот и американскиот специјален претставник на седмицата на Советот за безбедност при ОН во неделата го обвинија Русија и владата на Сирија за „воени злосторства“.
„Накусо, а тоа е тешко да се негира, Русија му се придружи на сирискиот режим во воените злосторства“, изјави британскиот амбасадор Метју Рокрофт, наведувајќи дека наводно против цивилите во Алепо била користена запаллива муниција „која не штеди никого“ и оти предизвикале „вистински пекол“ во овој град. Американската амбасадорка Саманта Пауер ја обвини Москва за „варваризам“ во Сирија.
Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, веднаш во неделата одговори дека САД не успеале да ги убедат вооружените формации кои ги вооружуваат да се дистанцираат од исламистичките групации како Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, која е листата терористички организации на ОН.
Додаде и дека од САД барале отстапки само од сириската страна, кои биле применети, и порача дека Русија повеќе не е подготвена на „еднострани чекори“ во напорите да се постигне мир во Сирија. Чуркин истакна дека обновувањето на прекинот на огнот и натаму е цел кон кој Москва може да тежнее, доколку тоа биде дел од „колективниот“ напор на сите страни.
Песков рече дека прекинот на огнот има „слаб ефект“, но дека Кремљ сé уште не се откажал сосема од него. „Москва не ги губи надежите и политичката волја да се вложат најголемите напори за да се овозможи политичко решение во Сирија… Засега е тешко“, порача портпаролот на рускиот претседател. /крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Гром уби 26-годишен Британец додека пливал на Родос, Грција, неговата девојка го снимила

Британски турист загина откако го удри гром додека неговата девојка, од плажата, го снимала како плива со СУП даска во морето во Грција, јавуваат грчките медиуми.
26-годишниот маж трагично загина денес околу пладне близу брегот во областа Агиа Агати на Родос.
47-годишен локален фудбалер, Бразилец, Вандер Мачадо, се обидел да го спаси Британецот. Во изјава за грчкиот медиум „Родиаки“ тој истакна дека штом сфатил што се случило, го фрлил мобилниот телефон и скокнал во морето со облека на себе, пливајќи да стигне до Британецот.
„Штом му се приближив, видов дека е со лицето надолу во водата и лицето му беше црно. Веднаш знаев дека секоја секунда се брои и почнав да го влечам на земја. Се плашев дека и јас ќе настрадам од истото, бидејќи сè уште врнеше. Но, не застанав. Кога го извлеков почнав да му давам прва помош, да го масирам и се друго што знаев. Човекот сè уште беше жив, му го слушав срцето и имаше пулс“, изјави Мачадо.
Неговата преплашена девојка заедно со други посетители на плажата почнала да бара помош откако забележала дека има некаков проблем, а Мачадо се нашол во близина.
„Трагедијата почна да се одвива нешто по 1:30 попладне, среде невремето кое избувна. 26-годишниот млад човек беше во морето со СУП даска (за веслање). Потоа гром падна на мало растојание од местото каде што се наоѓаше и видовме дека е повреден, удрен од громот“, изјави Мачадо за „Родиаки“.
Спасувачите пристигнале набргу и ги извршиле сите процедури за реанимација за да го одржат во живот.
„За жал, малку подоцна дознав дека не успеал“, изјави Мачадо.
Британецот бил однесен во здравствениот центар Архангелос, каде службите за итна помош ја продолжиле битката на спасувачите да го одржат жив. Избезумено се обидувале да го реанимираат, но за жал не можел да се спаси.
Во моментот на трагичната несреќа, во областа во близина на грчкиот остров имало лоши временски услови и силни грмотевици.
За инцидентот е информирано Централното пристаниште на Родос, чии службеници ќе спроведат истрага за трагичниот инцидент.
Вести
„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема“, родителите од „Рибникар“ огорчени, не дозволуваат настава кај што имаше масакр

Родителите на некои од учениците во ОУ „Владислав Рибникар“, кои вчера учествуваа во емисијата „Впечаток на неделата“ на спрската „ТВ Нова“ истакнаа дека не сакаат нивните деца да се вратат во таа училишна зграда и побараа да се прекине наставата.
Бојан од Белград, татко на седумгодишно дете од ова училиште, истакна дека учебната година требало да заврши на 3 мај на ниво на цела Србија.
„Ова беше преседан… За мене нашите улици, овој град, ова општество се контаминирани. Морам да апелирам до граѓаните на Србија да размислат, секое дете можеше да биде на местото на тие деца… Сите сме засегнати како држава. Мојот син вели дека не помислува да оди во тоа училиште“, рече тој.
Мајката на двајца ученици од ова белградско училиште истакна дека повеќе нема да ги носи своите деца во таа образовна институција.
„Нашите деца се вратија дома, а туѓи никогаш нема… Целта ми е децата да завршат училиште, секако и да ги лекуваат децата на училиште, но училиштето не е болница. Тоа треба да биде едно место каде што нашите деца треба да растат и учат. На децата да им се помогне и да се донесе терапевт, што ќе недостасуваше да е некаде во парк или во детски културен дом или во ливада…Нема да ги вратам децата во тоа училиште, ќе ги пратам назад на училиште, но не на тоа место“, рече таа.
Александар, таткото на учениците од ова основно училиште, се согласува учебната година да заврши.
„Имаме многу едноставни очекувања што треба да направи државата. Очекуваме да заврши учебната година, не очекуваме децата да се сретнат на местото на извршување и државата да обезбеди алтернативна локација каде децата ќе се сретнат и ќе си ги видат раните. Тоа училиште веќе не може да биде училиште за нас. Од моментот на масакрот, тоа веќе не е училиште, туку почетна точка“, рече тој.
Марија, мајка на седмоодделенци од ова училиште, истакна дека она што го доживеале како родители е „нивното најголемо страдање“.
„Не дозволувам мојот син да се врати во тоа училиште, му се јавив на класниот раководител да го избрка од училиште“, рече таа.
Вести
Избори во Грција: Убедлива победа на владејачката партија, но не доволна за формирање на влада

Владеачката партија во Грција, Нова демократија извојува убедлива победа на денешните парламентарни избори, но не успеа да обезбеди доволно гласови за сама да формира влада.
По пребројувањето на повеќето гласови, конзервативната Нова демократија поведе убедливо со 40,8 отсто, победувајќи ја радикалната левичарска Сириза, која владееше од 2015 до 2019 година и освои 20,1 отсто од гласовите.
Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во понеделник ќе им даде на трите водечки партии – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК, три дена да формираат коалициска влада.
Доколку ниту еден од нив не успее, претседателот ќе назначи привремена влада која за околу еден месец ќе подготви нови избори. Премиерот и лидер на Нова демократија Киријакос Митотакис рече дека верува дека добил јасен мандат.
„Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и автономна“, им рече тој на расположените толпи пред седиштето на партијата во центарот на Атина.
Резултатот беше неверојатен поттик за Мицотакис, чија администрација мораше да се бори со скандалот со прислушувањето, пандемијата „Ковид-19“, кризата со трошоците за живот и смртоносната железничка несреќа во февруари што предизвика гнев во јавноста.
Подеднакво, тоа беше катастрофа за Сириза и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, огнен левичар кој катапултираше на власт во 2015 година благодарение на незадоволството на гласачите од другите партии поради нивното справување со должничката криза што ја пустошеше грчката економија повеќе од една деценија. Ципрас му се јавил на Микотакис за да му ја честита победата, изјави претставник на Сириза.