Вести
Советот за безбедност на ОН ги осуди ракетните напади врз Израел, и е вознемирен од израелскиот одговор
Советот за безбедност при Обединетите нации го осуди ракетните напади од палестинската енклава Појасот Газа врз територијата на Израел со кои беше прекинато петчасовното хуманитарно примирје, но е и „вознемирен од силниот израелски одговор“, изјави заменикот генерален секретар на ОН за политички прашања Џефри Фелтмен на седницата на Советот ноќта кон саботата.
„Израел е оправдано загрижен за својата безбедност и ги осудуваме неселективните ракетни напади од Газа врз Израел кои го прекинаа привремениот прекин на огнот. Но, вознемирени сме од силината на израелскиот одговор“, изјави Џефри Фелтман на итната седница на Советот за безбедност на ОН на која покрај ситуацијата во Газа беше разгледуван и случајот со урнатиот малезиски патнички авион во источна Украина.Израел кој претходните десет дена се ограничуваше на воздушни напади и дејство од море, во петокот копнената инвазија во Појасот Газа ја засили и со дејство на артилерија, тенкови и воени бродови и предупреди дека би можел „значително да ја прошири“ операцијата во којашто според палестински болнички извори страдаат повеќе цивилите.Израелската армија ја интензивираше копнената офанзива врз Газа, густо населената енклава во којашто живеат 1,8 милиони Палестинци. Копнениот напад следеше по десетте дена воздушни и напади и истрелување на над илјада ракети врз израелската територија за што Израел го обвинува палестинското исламистичко движење Хамас кој од 2007 година по кусата војна со ривалското движење Фатах управува со Појасот Газа.Според последните податоци, во овие судири што израелската армија ја нарече операција „Линија на одбраната“ досега загинале 292 Палестинци, меѓу кои десетина деца, и двајца Израелци.Американскиот претседател Барак Обама во петокот имаше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, давајќи ја поддршката на Вашингтон за Израел за одбрана, но и истакнувајќи го стравувањето „од натамошна ескалација“ и загубата на животите на недолжните цивили. „Се надеваме дека Израел ќе му пристапи на овој процес на начин кој ќе ги минимизира цивилните жртви“, рече Обама пред новинарите во Белата куќа.Во настојувањето да се сопре израелско-палестинскиот конфликт, на Блискиот исток во саботата ќе допатува и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. Египет, најголемата арапска земја и кој традиционално се јавува како посредник во судирите меѓу Израел и Палестинците, во меѓувреме го повтори апелот за прекинување на непријателствата, а Франција од Катар побара да го искористи своето влијание врз исламистичкото движење Хамас, кое Израел, САД и Европската унија го сметаат за терористичка организација.Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, на заедничката прес-конференција со францускиот колега Лорен Фабиус, ги повика сите страни да седнат на преговарачката маса за да се стави крај на крвопролевањата. „Се надеваме дека сите страни е ја прифатат оваа иницијатива за да се сопре крвопролевањето и да се спречи натамошна ескалација“, рече Шукри.Фабиус, пак, истакна дека Франција побарала од Катар, кој е близок со раководството на Хамас и се смета дека го финансира, да помогне во постигнувањето на примирјето./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.