Свет
(Видео) Пожар во зграда во Виетнам, десетици загинати: момче фрлено од десеткатница за да биде спасено од оганот
Десетици луѓе загинаа во пожар во станбена зграда во виетнамската престолнина Ханој, објавија државните медиуми, а очевидци велат дека слушнале повици за помош и дека мало дете било фрлено од зградата со цел да го спасат.
Пожарот избувнал вчера нешто пред полноќ на паркингот на десеткатницата, во простор преполн со мотори на станарите, велат очевидци.
„Властите спасија 70-ина луѓе, префрлија 54 лица во болница, меѓу кои и десетици мртви“, објави официјалната виетнамска новинска агенција.
Over 12 Feared Dead in Apartment Building fire in Hanoi
The fire late at night on Tuesday in the Vietnamese capital has been put out but rescue operations continue.
54 out of the 70 rescued were rushed to the hospital.#Vietnam | #Hanoi pic.twitter.com/8DT5BZSPMv
— RT_India (@RT_India_news) September 13, 2023
„Ова е многу сериозен пожар“, се вели во соопштението.
Снимките од фотографите на АФП покажуваат пламен и чад како излегува од затворените балкони. Пожарникарите утрово го изгаснале пожарот, а спасувачите тешко влегувале во зградата која се наоѓа во тесна уличка во станбена населба во југозападниот дел на градот.
Малите балкони се опкружени со железна ограда, а зградата има само еден излез и нема скала за итен излез однадвор.
Во комплексот живееле околу 150 луѓе, соопштија властите. „Слушнав многу повици за помош. Не можевме многу да им помогнеме“, изјави за АФП на местото на настанот една жена, која рече дека се вика Хоа и живее во близина на зградата.
„Зградата е толку затворена и без рута за евакуација жртвите не може да излезат“, додаде таа. Друг сведок, Хуонг, рече дека мало дете било фрлено од висок кат за да избега од пламенот.
„Одев да спијам кога нешто почувствував. Излегов и видов пожар“, изјави сведокот. „Насекаде имаше дим. Мало момче беше фрлено од висок кат, не знам дали преживеа или не иако луѓето користеа душек за да го фатат“, опишала таа.
Вицепремиерот Тран Луу Куанг утрово го посети местото на настанот, објавија државните медиуми.
По трагедијата, премиерот наредил проверка на сите високоризични локации. Тринаесет лица загинаа во 2018 година откога се запали станбен комплекс, исто така во градот Хо Ши Мин. Уште 13 лица загинаа во 2016 година во караоке-бар во Ханој по пожар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

