Топ
Агим Шаќири од ДУИ завршил во болница затоа не гласал за одземање на имунитетот на Вељаноски

Причината поради која пратеникот од ДУИ Агим Шаќири по паузата во 21 часот не се појави на мандатно-имунитетната комисија е влошување на неговата здравствена состојба по што завршил на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Комисијата овие два дена расправаше за одземање на пратеничкиот имунитет на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски кој е обвинет за организирање на наслниот упад во Собранието на РМ на 27 април 2017 година.
Вечерва Комисијата не изгласа да му биде одземен имунитетот на Вељаноски. Резултатот од гласањето беше 4-4. Недостасуваше гласот на пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.
Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски по ваквиот резултат од гласањето рече дека останува на претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја истолкува оваа одлука на Комисијата и да одлучи дали утре ќе се одржи пленарната седница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со директорите на ковид-центрите.
„Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, кои повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците иако не се целосно ослободени голем број одделенија бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку подоцна, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна“, истакна министерот.
Тој апелира на максимална внимателност и во периодот што претстои.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје беа хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно во главниот град се лекуваат 661 пациент, соопшти Министерството за здравство. Во целата држава се лекуваат 1.585 пациенти и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Топ
Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана.
Според твдењето на девојката во полицијата, зад присилниот брак стоел татко ѝ, кој ја омажил за Р. М. (26) од Шуто Оризари. Таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба, соопшти МВР.
Од полицијата пријавија дека за настанот се приведени две лица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека таа нема да се кандидира за трет мандат на позицијата заменик-претседател на партијата.
„Јас ја почитувам. Таа е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус со ЕУ, за добиената одлука за почеток на преговорите со ЕУ, но и за многу процеси во државата важни за граѓаните. Знам дека ќе продолжиме понатаму да соработуваме, таа е мој другар или другарка, без разлика каде ќе се најде во иднина – во СДСМ или во општеството“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Во однос на информациите дека Шекеринска се дистанцирала од него, Заев вели дека за него таа е и останува близок соработник.
„Мислењето на Радмила за Зоран Заев може да го каже Радмила и немам сомневање какво мислење со мене ќе сподели поради тоа што работиме секој ден за милион предизвици. Дефинитивно, имаме уште многу што заедно да работиме во животот“, вели Заев.
Тој отфрли секаква поврзаност на случајот со Рашковски со Шекеринска нагласувајќи дека една од главните заложба на Владата е законот да важи еднакво за сите.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?