Свет
Во конструкцијата на катедралата имало 1.300 дрва, огнот избувнал на таванот
Како започна пожарот во Нотр Дам и што ја предизвика огнената стихија, е прашањето што се наметнува по вчерашниот страотен пожар што ја зафати оваа француска знаменитост со огромно исторско значење. Светските медиуми објавуваат детални информации околу изградбата на категралата и нејзииното реновирање коешто било во тек, како и вредното богатство во внатрешноста на катедралата, коешто е уништено во огнената стихија.
Според информациите што се објавени, за конструкцијата на катедралата биле искористени 1.300 дрва. Според експертите, пожарот најверојатно изгувнал токму во дрвените греди кои ја сочинуваат конструкцијата на катедралата. За оваа 850-годишна зграда, дури 1.300 дрва се претворени во греди, поради што овој дел од Нотр Дам популарно се нарекува „шума”.
Во понеделникот попладне катедралата Нотр Дам во центарот на Париз почна да гори. По девет часа, околу 400 пожарникари успеале да го стават под контрола. Најпопуларната историска атракција во Париз и Франција, која е посетена од 13 милиони луѓе годишно, е само уште еден потсетник за она што е изградено пред повеќе од 800 години.
Главниот пожарникар Жан-Клод Галет вели дека пожарот започнал на таванот на катедралата. Дрвени греди ја сочинуваа целата внатрешна контрукција, на кои се држеше и покривот. Овие греди се веројатно причината зошто пожарот беше толку разорен и зошто на пожарникарите им требаа околу девет часа за да го изгаснат. Целиот покрив беше во пламен и не беше можно да се гасне од воздух бидејќи се сметало дека „водени бомби” целосно би можеле да ја урнат катедралата.
Поголемиот дел од покривот е уништен, но двете предни кули се зачувани. Се урна централната кула, а по неа огнот проголта и уште една.
За среќа, дел од уметничкото богатство претходно е изнесено поради реставрацијата на Нотр Дам и е спасено. На пример, минатата недела 16 бакарни статуи биле изнесени од катедралата.
Во катедралата се чувал и еден од најпознатите верски артефакти – круна од трње, која храбрите пожарникари успеале да ја спасат од огнот. И покрај густиот чад, тие сè уште ги извлекуваат од внатрешноста религиозните артефакти и уметнички дела од непроценливо значење. Олтарот и крстот останале недопрени од огнот.
Причината за пожарот не е позната. Прелиминарната истрага откри дека пожарот избувнал случајно и дека не е подметнат.
Нотр Дам со години „плаче” за реставрација бидејќи делови веќе беа уништени од забот на времето, а пожарот само го доуништи тоа што беше останато. Реновирањето на најпознатата готска зграда во светот ќе чини околу 180 милиони долари.
Во своите 850 години постоење катедралата поминала низ бројни предизвици. Французите почнале да ја градат во 1163 година и била завршена во 1345 година. Била оштетена и занемарена за време на Француската револуција, а романот на Виктор Иго, „Sвонарот на Богоричната црква” во 1831 година, укажа на нејзината страшна состојба. Поради таа книга, Нотр Дам доби нов изглед. Реновирањето траеше 20 години, од 1844 до 1864 година.
Покрај тоа што е скапоцен камен на готската архитектура, Нотр Дам е од суштинско значење за историјата на Франција и на Европа. Во неа Хенри VI бил крунисан за француски крал во 1431 година. Наполеон Бонапарта во неа бил прогласен за цар во 1804 година. Ивана Орлеанска била беатифицирана во 1909 година.
„Тажен сум, гори еден дел од нас. Ова е трагедија за целиот народ” – рече францускиот претседател, Емануел Макрон, додека со своите сограѓани синоќа гледаше како се уништува еден вреден дел од историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Остин: Бајден ја запре испораката на оружје за Израел
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да ја прекине испораката на муниција за Израел е донесена поради израелските планови да изврши офанзива врз градот Рафах на југот на Појасот Газа.
„Од самиот почеток бевме многу јасни дека Израел не треба да започне голема офанзива во Рафах без да ја земе предвид заштитата на цивилите во областа. Откако ја преиспитавме ситуацијата, престанавме да испраќаме муниција во Израел“, рече тој на сослушувањето во Сенатот и потврди дека конечната одлука „што ќе се случи со таа пратка“ се уште не е донесена, пренесува Ројтерс.
Администрацијата на САД ја запре испораката на околу 3.500 бомби во Израел минатата недела поради загриженоста за најавената копнена офанзива на Рафах, објави претходно денеска Асошиејтед прес, повикувајќи се на неименуван претставник од администрацијата.
Овој функционер појаснил дека не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.
Во понеделникот, израелскиот воен кабинет одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафах за да „изведе воен притисок врз Хамас“, и покрај претходната најава на Хамас дека се согласува со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.
Европа
Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија
Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.
Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.
Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.
„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.
Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.
Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.
Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.
Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.
Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.
Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.