Топ
Во Македонија 592 новозаболени и 21 починат пациент, направени 2.206 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 259, Куманово – 31, Дебар – 7, Штип – 8, Прилеп – 30, Тетово – 18, Струга – 21, Велес – 17, Битола – 24, Охрид – 28, Кавадарци – 35, Гостивар – 21, Гевгелија – 8, Струмица – 12, Крива Паланка – 9, Радовиш – 5, Кочани – 7, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Пехчево – 1, Берово – 2, Валандово – 3, Виница – 4, Делчево – 4, Кратово – 1, Свети Николе – 5, Кичево – 10, Ресен – 7, Неготино – 12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје – 245, Куманово – 26, Штип – 28, Прилеп – 76, Тетово – 23, Струга – 12, Велес – 23, Битола – 47, Охрид – 13, Кавадарци – 25, Гостивар – 29, Гевгелија – 17, Струмица – 19, Крива Паланка – 2, Радовиш – 5, Кочани – 13, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 5, Пехчево – 1, Берово – 16, Валандово – 1, Виница – 2 , Делчево – 12, Кратово – 4, Свети Николе – 7, Кичево – 11, Ресен – 7 и Неготино – 18.
Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53 г), двајца од Куманово (69 и 78 г), двајца од Тетово (60 и 72 г), тројца од Прилеп (61,77 и 85 г), еден пациент од Штип (87 г), еден од Охрид (77 г), еден од Струга (69 г), двајца пациенти од Битола (64 и 85 г), еден од Струмица (83 г), еден од Берово (59 г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 34687, активни 11679
• Куманово 4577, активни 569
• Дебар 605, активни 129
• Штип 3233, активни 323
• Прилеп 4057, активни 681
• Тетово 4668, активни 942
• Струга 1958, активни 356
• Велес 2669, активни 548
• Битола 2934, активни 649
• Охрид 2295, активни 588
• Кавадарци 1994, активни 578
• Гостивар 3308, активни 624
• Гевгелија 1098, активни 296 (74 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 186 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2219, активни 629
• Крива Паланка 586, активни 121
• Радовиш 592, активни 125
• Крушево 155, активни 66
• Кочани 1561, активни 257
• Пробиштип 438, активни 51
• Демир Хисар 230, активни 39
• Македонски Брод 209, активни 29
• Пехчево 133, активни 16
• Берово 485, активни 62
• Валандово 291, активни 64
• Виница 435, активни 67
• Делчево 660, активни 216 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 187, активни 20
• Свети Николе 1027, активни 135
• Кичево 1542, активни 265
• Ресен 613, активни 136
• Неготино 961, активни 338 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2206 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-218, Биотек-138, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-4, ЦЈЗ Битола-73, Инфективна клиника-1, ГАК-16, Синлаб-23, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -693, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 388.485 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години. Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.
„Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.
Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, наведе МТСП.
Свет
Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон на 6 јануари.
View this post on Instagram
Снимката, направена од воениот дописник Лук Могелсон, покажува упад на стотици десничари во Капитол меѓу кои и т.н. водач на групата Џејк Анџелио (33), познат и како „човекот со рогови“.
На самиот почеток на видеото се гледа како Џејк влегува во Сенатот и поздравува група луѓе, во присуство на полицијата.
Потоа тој влегува во конгресната сала и претура по масата на потпретседателот Мајк Пенс.
Спорт
Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското првенство во ракомет, победувајќи го Чиле со 32:29 (16:17) за да обезбеди пласман во главната рунда на Мундијалот.
Чилеанците, каде што главни ѕвезди се браќата Ервин и Емил Феухтман, кои играат во француската лига, се покажаа како опасен противник, посебно во првото полувреме, но кога беше најважно нашите репрезентативци покажаа дека се поквалитетен тим и ја забележавма третата победа во третиот меч на СП против јужноамерикаскиот противник.
Со победата, Македонија обезбеди пласман во главната фаза на СП, поточно во групата 4, каде што ќе играме со репрезентациите на Русија, Белорусија и Словенија, три многу тешки противници.
Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со седум постигнати голови, Жарко Пешевски додаде 5, колку што имаше и Никола Костески. За Чиле, Естебан Салинас заврши со осум гола.
СП РАКОМЕТ ЕГИПЕТ 2021
ГРУПА Г
Македонија – Чиле 32:29 (16:17)
Шведска – Египет 18.00 ч.
Табела: 1.Шведска 4, 2.Египет 4, 3.Македонија 2, 4.Чиле 0
ГРУПА Х
Русија – Јужна Кореја 30:26 (15:15)
Белорусија – Словенија 18.00 ч.
Табела: 1.Русија 5, 2.Белорусија 3, 3.Словенија 2, 4.Ј.Кореја 0
Фото: СП Египет 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира