Контакт

Топ

(Видео) Иванов, Китаровиќ и Пахор ги пречекаа лидерите на земјите учеснички на Брдо-Бриони

Објавено пред

Започна средбата на претседателите од земјите од Западен Балкан во рамките на Процесот Брдо-Бриони по официјалниот пречек од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор.

На средбата, чии домаќини се Иванов, Китановиќ и Пахор, учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Албанија, Илир Мета, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбговиќ, претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Почесни гости годинава се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Средбата на лидерите предвидено е да трае околу 2 часа, по што ќе следува заедничка прес-конференција.

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички е потребата за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смисла, а во контекст на новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан.

Во рамките на Процесот Брдо-Бриони, првпат по иницијатива на Република Македонија, минатата недела се одржа состанок на директорите на агенциите за разузнавање на земјите учеснички во Процесот, на кој се дискутира за безбедносната поврзаност како сегмент на регионалната соработка. Процесот Брдо-Бриони првпат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ. Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

Во рамките на оваа регионална иницијатива досега се одржани шест состаноци, од кои пет редовни и еден вонреден: во Брдо кај Крањ, Република Словенија, во 2013 година, во Дубровник, Република Хрватска, во 2014 година, во Будва, Црна Гора, во 2015 година, вонреден самит во Загреб, Република Хрватска, во 2015 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, во 2016 година и во Брдо кај Крањ, Република Словенија, во 2017 година, а на кои редовно учествува претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Објавено пред

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на тестирање, од Светската здравствена организација доаѓаат шокантни вести.

„Нема чудотворен лек за коронавирусот, а можеби и никогаш нема да го има“, ја предупреди јавноста генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Како што пренесува „Ројтерс“, тој објаснил дека постои голема загриженост дека нема да имаме вакцина што функционира, односно дека би можеле да ја имаме онаа што би обезбедила заштита само за неколку месеци, а не подолго.

„Неколку вакцини сега се во третата фаза на тестирање и искрено се надеваме дека ќе имаме вакцини кои ќе можат да го спречат заразувањето на луѓето. Сепак, засега немаме магичен лек“, објасни првиот човек на СЗО.

Тој препорача понатамошна секојдневна борба против Ковид-19, носење маски, одржување на растојание, како и сите претходно обелоденети мерки.

„Некои земји се борат со овој вирус со помал, а некои со поголем успех. Пред нас е долга борба“, заврши Гебрејесус.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерство за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Објавено пред

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни.

„На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут. По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат“. се вели во соопштението.

Од Министерство за одбрана изразуваат длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан.

Според последните информации загинати се најмалку 100 лица, а повредени околу 4.000. Разорната експлозија го уништи пристаништето и голем дел од централното градско подрачје на Бејрут.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Објавено пред

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот шест пати посмртоносен од сезонскиот грип. Според епидемиологот д-р Марија ван Керхоув, можеби не звучи многу, но сепак е висока стапка на смртност затоа што убива еден од 167 заболени.

Официјалните статистики покажуваат дека од почетокот на пандемијата починале 700.000 луѓе од 18.200 милиони, но според процените, тој број е многу поголем, односно околу 115 милиони, и во тој случај стапката на смртност е 0,6 проценти.

За експертите е голем предизвик да ја проценат стапката на смртност од коронавирусот бидејќи не се регистрирани сите смртни случаи од вирусот. Светската здравствена организација ја заснова својата пресметка на смртност од 0,6 проценти на процената на 115 милиони заразени и 700.000 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија41 минута

Министерство за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет2 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет3 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија3 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет4 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија4 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет4 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија15 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет16 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија20 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ21 час

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија21 час

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија22 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија22 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија22 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија23 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија23 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија23 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Досие