Македонија
Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение
Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не можеа да се приклучат на Националната платформа за онлајн на закажаната генерална проба. Требаше да се приклучат и основните и средните училишта, но сите обиди завршија со објаснување дека се работи на одржување на платформата или дека се појавила грешка.
„Ова е фијаско. На само еден ден пред почетокот на школската година и децата и наставниците да немаат претстава како би личело работењето на неа“, коментираат родителите на социјалните мрежи, а има такви што го повикуваат господ на помош.
По речиси еден час обиди, некои од учениците успеаја да се приклучат, па кажаа дека платформата е празна, нема ставено содржини, а дел од наставниците се пожали дека немаат интернет во училиштата, од каде што треба да се приклучат на платформата, па тестирањето се сведе само на обиди за приклучување. Министерката за образование, Мила Царовска, и денес повика на трпение и кај учениците и кај наставниците. Таа очекува во првите две недели да има проблеми со влегувањето на платформата, со вклучувањето на учениците, но верува дека проблемите ќе бидат надминати.
„Дајте да му дадеме поддршка на процесот. Првпат се случува и за ФИНКИ како факултет, и за Министерството за образование и за локалните самоуправи, а што е најважно и за наставниците. Тие лани поминаа еден похаотичен период, па научија нови дигитални алатки. Сега малку поорганизирано оваа платформа ја градиме за да ни трае во наредните дваесет, педесет години, да се надградува, да расте. И ќе биде тешко, нема да биде лесно и многу предизвици ќе има, но јас сум сигурна дека ќе ја поминеме годината ако сите веруваме дека децата треба да имаат стимулирање и да имаат информации кои тековно ќе ги добиваат секој ден и да си го гледаат наставникот затоа што тоа е двонасочна комуникација што дава грижа“, рече министерката Царовска при посетата на ОУ „Даме Крапчев“ во општина Гази Баба.
Таа уште еднаш објасни дека за работа на платформата не се потребни уреди со некои посебни перформанси и дека таа работи и на телефон, и на таблет и на најслабиот компјутер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

