Топ
Од вечерва и Интерпол трага по двојниот убиец Палчо, објавена меѓународна потерница
Љупчо Палевски Палчо од вечерва е објавен на веб страницата на МВР дека се бара со потерница.
„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, стои во објавата на МВР.
По него МВР веднаш имаше распишано централна потерница, но од вечерва распишана е и меѓународна потерница што значи дека во потрагата се вклучува и Интерпол.
Инаку Палчо заедно со неговиот адвокат ја напуштиле Македонија, се упатиле во Србија, а потоа и во Бугарија. Но бугарското МВР нема податоци дека тој се наоѓа на територијата на Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.
Тој е посочен како организатор и реализатор на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: ЕУ може да умре ако не стане поконкуретнтна со САД и Кина
ЕУ може да умре ако не стане поконкурентна со САД и Кина, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон.
„Унијата регулира премногу, а премалку инвестира“, рече Макрон, пренесуваат регионалните медиуми.
Вашингтон и Пекинг веќе ја надминуваат ЕУ по економски резултати и инвестиции, додаде.
„ЕУ може да умре, ние сме на работ на многу важен момент“, рече Макрон. „Нашиот стар модел е минато – ние регулираме премногу, а инвестираме премалку. Ако ја следиме нашата класична агенда во следните две до три години, ќе исчезнеме од пазарот“.
Во април, Макрон повика на поголема интеграција на европската одбрана и предупреди дека блокот не може да стане вазал на САД кога станува збор за безбедносни и воени прашања.
Неговото предупредување доаѓа по уште едно предупредување објавено во извештајот на поранешниот италијански премиер и поранешен шеф на Европската централна банка Марио Драги.
„Постои ризик нашата Европа да умре. Ние не сме опремени да се соочиме со ризиците“, рече Драги кога ја изложи својата визија за иднината на ЕУ. Извештајот на Драги, исто така, ги повикува владите на ЕУ да инвестираат повеќе во заеднички одбранбени проекти бидејќи „веќе не можат целосно да сметаат на САД“.
Некои европски влади стравуваат дека вториот мандат на Доналд Трамп може да претставува ризик за НАТО доколку победи на американските избори во ноември.
Макрон го нарече НАТО „мозочно мртов“ во 2019 година, посочувајќи дека Европејците повеќе не можат да сметаат на САД да обезбедат безбедносен чадор против заканите како што е руската агресија, анализираат медиумите.
Македонија
(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица
Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.
Одлуката беше донесена од страна на Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчевски во своето обраќање рече: „Како градоначалник, како лекар, но пред се како човек утрово со тага ја примив веста за прераната смрт на нашите сограѓани, на еден прекрасен тим на специјалисти и медицински кадар. Еден тим кој животот го посвети во давање на помош и спасување на животи. Дури и на тој пат одеа да спасат животи. Прилеп и Македонија губат врвни луѓе, посветени на својата професија“, нагласи тој.
Несреќата се случила утрово при судир на автомобил во кое биле медицинските лица и товарен камион.
Скопје
Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош
По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, велат од општина Карпош.
„Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.
Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар.
Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба.
Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се наведува во соопштението на општина Карпош.