Топ
Апелација ја преиначи пресудата – виновникот за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ доби две години затвор
Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи пресудата за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“ во Скопје, која се случи во октомври 2018 и во која загина едно лице и, наместо условна казна, одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило.
Информацијата на „Твитер“ ја објави сопругата на загинатиот.
„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелацискиот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај ‘Млечен’ и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа Димитриевска.
Бескрајна благодарност до сите,#правдазаГоце#правдазаМене#правдазаНас ,
Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото ??— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) February 9, 2021
Јавното обвинителство пред пет месеци вложи жалба до Апелацискиот суд. Кривичниот суд на 4 септември лани изрече условна казна од две години за обвинетиот, што предизвика лавина реакции во јавноста.
Во несреќата учествуваа џип и мотоцикл, возачот на мотоциклот загина, а тешко беше повредена неговата сопруга, сопатничка на мотоциклот, која го загуби нероденото бебе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Судењето за „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите дека ќе бидат исклучени, по тензиите со бранителката на Јованови
Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите на загинатите кои го следат судењето. Пред да почне сослушувањето на сведоците, судијката Диана Груевска-Илиевска ги предупреди родителите на загинатите да го почитуваат редот во судницата и им објасни дека сите обвинети имаат право на адвокат, по тензијата од минатото рочиште. Ги предупреди дека ќе бидат исклучени од судењето доколку го нарушат редот во судницата, а исклучување на јавноста на следното нарушување на редот побара и адвокатката на сопственикот на „Пулс“ и неговиот син, Ивана Коцевска.
Адвокатката Коцевска во саботата побара сите надлежни органи да преземат мерки поради тоа што, како што кажа, нејзиниот лик бил „злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма“ на транспарент за време на „Маршот на ангелите“ во Кочани.
Родителите на загинатите, пак, тврдат дека е неточно тврдењето дека на транспарентот била адвокатката Коцевска, дека тие воопшто не ја споменале, но таа се препознала.
„На постерот не се препознавате само вие, се препознаваат и други лица кои имаат физичка сличност со ликот, но никој од нив не реагираше ниту ја толкуваше пораката како напад. Единствено, вие адвокатке Коцевска излеговте со тврдења дека сте биле лично засегнати. А зошто? Ние семејствата не ве ни споменавме, ниту ве нападнавме. Ние семејствата се бориме за вистината за изгубените животи на нашите најмили“, рече Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова.
На денешното рочиште ќе сведочат петмина сведоци на Обвинителството кои го преживеале пожарот во „Пулс“.
Топ
Три лица тешко повредени во сообраќајка помеѓу три возила во тетовско
Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во 22:50 часот на регионалниот пат Јажинце – Тетово, во близина на влез за село Непроштено.
Во несреќата учествувале три автомобили, „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувани од Е.С.(25) од с.Слатино, А.И.(55) од с.Доброште и А.Ј.(19) од с.Слатино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.С. и неговиот сопатник Б.С.(36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.
Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и Ш.В.(45) од с.Доброште, сопатничка во возилото „голф“ управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди.
Со телесни повреди се здобил и возачот А.Ј. од с.Слатино, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител.
Македонија
Не е тајна дека Мицкоски има работено во бизнис секторот и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скапите часовници на премиерот
Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението на СДСМ во кое наведуваат дека Мицкоски има часовници што вредат 60.000 евра.
„Тоа е се до моментот пред да влезе во политиката, каде што престанува со било каков вид на бизниси и работење за приватни фирми. И што е најважно, се е чесно, транспарентно и до детал објаснето за неговите примања што ги имал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна пак, додаваат од партијата, го имаме Филипче и Заев, едниот хирург, другиот земјоделец од Муртино, кои пред да влезат во политиката се никој и ништо, а по нивното владеење или се уште активно појавување во политиката, се здобија со куќи во Нерези, станови и згради во Дубаи, акции во индиски авиокомпании, фирми во и надвор од државата со сомнителен капитал, подароци од фирмите што добивале тендери во вид на автомобили, проценти од тендери, договори и слично.
„Е ова е разликата помеѓу претседателот Мицкоски и Филипче и Заев. Тоа што овие двајца од СДС од голтари станаа милионери со помош на власта, а претседателот Мицкоски има заработено чесно и на лесно проверлив начин може да се види како заработувал. Пред СДС да каже повторно нешто колку да каже, нека погледне во сопствениот двор. П.С. Ако имаат сомнеж за нешто незаконско, нека се обратат на судиите и обвинителите кои им слугуваат, нека проверат. Ете на оние истите што им помагале да ја откупат Жан Митрев“, се наведува во реакцијата.

