Македонија
(Видео) Владата: Веднаш може да почне работата на делови од акцискиот план со Бугарија
Веднаш може да почне работата на одредени точки од акциониот план со Бугарија, исткна портпаролот на Владата, Душко Арсовски.
Одговарајќи на новинарско прашање за најавениот од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, нов пристап во разговорите со Бугарија, портпаролот Арсовски истакна дека такви точки се инфраструктурата, спортот, образованието, информатичкото општество, туризмот и други обврски, кои се на двете страни, сè со цел да го јакнеме пријателството помеѓу двете земји.
Како што рече, во завршна фаза е усогласувањето на акцискиот план.
„Владата цело време е силно мотивирана преку дијалог да се најдат заеднички точки за отворените прашања. Експертските тимови од министерствата за надворешни работи се во постојана комуникација. Министерот Османи најави нов пристап растоварен од емоции, што е дополнителен поттик на процесот“, истакна Арсовски.
Тој додаде дека секој јавен настап, без оглед од која страна доаѓа, треба да биде во функција на создавање пријателски амбиент во кој полесно се доаѓа до решенија.
„Македонските позиции се познати и јавно потврдени: за македонскиот идентитет, народ и јазик не се разговара и нема да се преговара. Во исто време апелираме да не се влегува во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои нема да донесат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ“, потенцира владиниот портпарол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

