Свет
(Видео) Најмалку петмина загинати, а 40-ина повредени кога автомобил влета во божикна парада во Висконсин
Најмалку едно лице загина, а повеќе од 20 се повредени кога автомобил влета во божикна парада во градот Вокиша, во американската сојузна држава Висконсин.
Началникот на полицијата Ден Томсон изјави дека лицето што се смета за одговорно е во притвор, а возилото по инцидентот е пронајдено на 32 километра западно од Милвоки.
Возилото удрило во повеќе од 20 луѓе. Некои од повредените се деца, а има и неколку смртни случаи како последица на овој инцидент, изјави Томсон за новинарите.
Тој изјави дека еден полицаец пукал во возилото.
WATCH: Shots are fired after a vehicle plows into a Christmas parade in Wisconsin pic.twitter.com/CIPa5xOd4U
— BNO News (@BNONews) November 21, 2021
Локалните власти соопштија дека однеле 11 возрасни и 12 деца во шест болници во округот и дека семејството и пријателите транспортирале многу повеќе во болниците.
Не е познато дали инцидентот е поврзан со тероризам, пренесува „Ројтерс“.
TRIGGER WARNING ⚠️
FULL VIDEO ⚠️#BREAKING
Reports of multiple injuries after car runs through Christmas parade in Wisconsin
Multiple people are feared to have been injured after a car reportedly rammed into a crowd of parade-goers in the city of #Waukesha, Wisconsin. pic.twitter.com/BkHLY18udH
— Gabriel Hébert-Rouillier ? (@Gab_H_R) November 22, 2021
Видеото објавено на интернет покажува црвено спортско теренско возило, кое минува низ парадата, налетувајќи на повеќе од десетина луѓе пред толпата да истрча од тротоарот за да укаже помош.
Детската болница во Висконсин на „Твитер“ објави дека примила 15 пациенти, но не пријавила смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

