Топ
Утре ќе заседава Комисијата за уставни прашања

Утре напладне ќе заседава Комисијата за уставни прашања, а во понеделник е закажана 61-та пленарна седница на Собранието, со единствена точка на дневен ред – Предлог за пристапување кон менување на Уставот. Според роковите, Комисијата може да расправа 10 дена, по што извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.
Премиерот Заев денска не откри дали веќе е обезбедено двотретинското мнозинство потребно за измени на Уставот, но како што најави, уште на самите дискусии во Собранието, ќе може да се забележи кои од пратениците би ги поддржале уставните измени. Доколку не се обезбеди мнозинството од 80 пратеници, Заев не ја отфрла можноста за предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче молчи и за 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година. Молк од Филипче и за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче. Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое го возеше и во предизборната кампања а е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ. Кланот Заеви и Филипче создале криминална шема од фирми преку кои профитирале милионски суми од препродажба на јаглен во моменти кога државата била во енергетска криза, а граѓаните плаќале поскапа струја“, велат од партијата.
Од таму бараат јавното обвинителство да отвори истрага и да поведе постапка.
Свет
Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна со Русија, објави денес новинската агенција ДПА.
Писториус планира да разговара со украински владини претставници за понатамошна помош за оружје од Берлин, се вели во извештајот.
„Правиме сè што можеме за да ја поддржиме Украина за да може да се одбрани и да дојде до позиција каде што Русија е подготвена да влезе во сериозни преговори“, рече Писториус пред да замине.
Германија е втор најголем воен поддржувач на Украина по САД, чија посветеност кон Киев е доведена во прашање, вршејќи притисок врз Европа да ја засили својата поддршка.
Русија и Украина се состанаа на мировни разговори во Истанбул претходно овој месец, во обновен обид за решавање на конфликтот што започна со руската инвазија во февруари 2022 година.
Сепак, борбите продолжија бидејќи двете страни не се согласуваат за голем број важни прашања, како што се територијалните отстапки и перспективите за идното членство на Украина во НАТО.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој веќе отпатува во Киев и го угости претседателот Володимир Зеленски во Берлин откако ја презеде функцијата во мај, неодамна ѝ даде зелено светло на Украина за употреба на оружје со долг дострел испорачано од Германија и други земји, што ја налути Москва.
Македонија
За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна комуникација со Канцеларијата на Ппретседателот на Владата, ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози, соопштија од Владата.
Од таму велат дека тоа покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја.
„Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга. Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка“, велат од Владата.
Од таму ги повикуваат и ги охрабруваат сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.