Топ
Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место
Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој напиша дека работниот ангажман на неговиот дедо не бил поврзан со политика, но ќе се повлечел од морални причини.
„Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот. Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола“, напиша Кирацовски.
Освен за дедото, во јавноста реакции имаше и за вработувањето на бабата, односно мајката на сопругата на Кирацовски, Мери Поповска, вработена во ДУД „Мирка Гинова“-Битола, како и за неговата сестра Марија Јосифовска вработена во Централниот регистар.
Под притисок на јавноста, вчера оставки од работните места поднесоа и мајката на пратеникот Костадин Костадинов, Фанија Костадинова, ангажирана во Централен регистар – Струмица и синот на пратеникот Горан Мисовски, Кристијан Мисовски вработен во Агенција за супервизија на осигурувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“
По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел Макрон, Фридрих Мерц и Володимир Зеленски се збогуваа на влезот во резиденцијата на британскиот премиер.
Потоа Мерц и Макрон заминаа, додека Стармер и Зеленски се вратија на Даунинг стрит 10.
Leaders of Ukraine, United Kingdom, France and Germany are meeting in London today.
Chancellor Merz:
The destiny of Ukraine is the destiny of Europe. pic.twitter.com/VWVGJ9uMhD— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 8, 2025
На почетокот на средбата, камерите беа присутни и ги снимија првите изјави на челниците.
Зеленски рече: „Единството меѓу Европа, Украина и САД е она што е важно денес“. Во своите забелешки, тој им се заблагодари на сојузниците за организирањето на состанокот, додавајќи: „Мислам дека е многу важно да се организираат вакви состаноци“.
Емануел Макрон кажа дека руската економија почнува да страда, особено по најновите санкции.
„Сите ја поддржуваме Украина и сите го поддржуваме мирот“, додаде францускиот лидер.
Фридрих Мерц рече дека е „скептичен во врска со некои детали во документите што доаѓаат од САД“.
„Ја поддржуваме вашата земја затоа што сите знаеме дека судбината на Украина е судбина на Европа“, му рече Мерц на Зеленски.
Не се очекува да се одржи прес-конференција за напредокот на разговорите, но се очекува писмена изјава, која треба да даде некои детали за она што беше кажано.
„Разговорите со претставниците на САД за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и едноставни“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот синоќа пред планираните консултации со европските лидери во наредните денови.
Зеленски разговараше во саботата со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Планирани се понатамошни разговори во Брисел.
Трамп го обвини Зеленски дека „сè уште не го прочитал“ предлогот за нов мировен договор и рече дека „не е сигурен дали Зеленски ќе се согласи со предлогот“. Зеленски, од друга страна, вели дека „американските претставници ги знаат основните украински позиции“.
Македонија
Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски
Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање дали се точни обвинувањата на СДСМ за злоупотребите на директорот на СОЗР Томовски и каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата дека семејната фирма на Томовски добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра?
„Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче кои го претставуваат за антикорупциски тим мислат дека сега ја открија Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни. Прашањето е каде е тука криминалот? Јасно е дека нема. Наместо текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица. Тие ќе им кажат дека ваквата реторика освен правење на димна завеса за прикривање на криминалот на Зоран Заев, нема никаква друга релевантност“, рече Манасиевски.
Кажа дека е лага дека фирма на Томовски добила милионски тендери.
„Вистината е дека Томовски нема фирма и нема никакви приходи од споменатата компанија која и таа самата тоа го потврди. Втора лага: СДС велеа дека главниот број на фирмата е бројот на Томовски. Вистината е следна: службените броеви на компанијата се други, а личниот број на Томовски е негов со години. Трета лага: СДС тврди дека Томовски бил донатор на ВМРО ДПМНЕ и тоа било потврда дека тој имал бизниси. Вистината е следна: јавен и никогаш скриен податок е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, и тоа не значи кршење на било каков закон“, рече тој.
Манасиевски упати прашање до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дали не е криминал тоа што додека тој бил министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градел модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 луѓе.
„Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат“, рече Манасиевски.
Македонија
(Видео) Кузеска: Ја следиме трагата на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ
Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е шаблон кој денеска го разоткриваме целосно, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Зошто Томовски овие денови толку многу се труди да покаже дека нема никаква поврзаност со семејната фирма? Иако Витомир е негов татко, Кутановски негов роднина, внукот, зетот се негови, дури и неговиот број е пријавен како контакт во семејната фирма“, рече таа.
Кузеска кажа дека антикорупцискиот тим на СДСМ го следел трагот на парите.
„Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од оние кои најмногу сакаат да се истакнат со големи суми. Само во 2021 година донирал 8.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ. 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари, 100.000 денари, редовно Томовски уплаќа на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. И не само Томовски. И неговиот зет, Кутановски е донарот на ВМРО-ДПМНЕ исто така. Семејна фирма, семејни донации. Се е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата“, рече Кузеска.
Таа додаде дека ДКСК и Јавното обвинителство не треба да молчат туку треба да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.

