Топ
Затворската казна на Јанкулоска за „мерцедесот“ пред апелациските судии
Во Апелациониот суд во Скопје се одржува одложената седница за жалбата на осудената ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во предметот „Тенк“, во кој процес Јанкулоска беше осудена на затворска казна од 6 години.
Судијката известител, Тања Милева, повеќе од 1,5 час читаше делови од пресудата на Добрила Кацарска. Двајцата адвокати и Јанкулоска, по паузата од половина час, ќе ги образложат жалбите со кои бараат пресудата да се укине, а предметот да се врати во првостепениот суд на повторно судење.
Според пресудата на скопска „единица“ за предметот „Тенк“, експремиерот Никола Груевски нарачал луксузен „мерцедес“, Јанкуловска го поттикнала тогашниот помошник-министер Ѓоко Поповски да испланира јавна набавка на која ќе се јави договорениот понудувач „Макаутостар“.
Доколку судот ѝ ја потврди казната, според Законот за извршување санкции, Јанкулоска може да бара одлагање на извршувањето поради мајчинството бидејќи нејзиното дете сè уште нема наполнето една година.
За истиот случај осудениот Никола Груевски доби 2 години ефективна казна затвор. Апелација му ја одби жалбата и му ја потврди казната. Осуден останува и помошник-министерот Ѓоко Поповски кому, наместо 6,6 години затвор, Апелација му изрече 4,6-годишна затворска казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Пари, дрога и оружје се одземени во акцијата во која беше уапсен Штекли, се бара притвор за 10 лица
Пари, дрога, возила, мобилни телефони и оружје биле одземени во полициската акција за сузбивањето на криминалната крупа во која уапсен беше Раде Трајковски, познат како Штекли.
Според информациите од полицијата, групата броела 14 членови, а била составена од лица од Скопје. Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога.
„Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците“, велат од МВР.
Извршени биле претреси на 21 локација во Скопје и Гевгелија, а на одземените предмети ќе им биде извршено форензичко вештачење.
Од Обвинителството информираа дека под истрага се сите 14 членови на групата, а приведени се 10 лица за кои се бара притвор.
„Ценејќи ги околностите, поврзаноста на осомничените, како и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за 10 лица, еден од осомничените е веќе во притвор, а останатите тројца не се достапни на органите на прогонот“, велат од Обвинителството.
Со оглед на тоа дека активностите во врска со оваа акција сѐ уште траат, јавноста навремено ќе биде информирана во текот на наредните денови.
Македонија
Теодор Јовевски го фати крстот во Вардар
Теодор Јовевски го фати крстот во водите на реката Вардар во Скопје за Водици.
Јовевски кој учествува првпат оваа година, се надева дека крстот ќе му донесе среќа. На верниците им порача да веруваат во Бога.
Одбележувањето на празникот Богојавление почна во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствуваше владиката Јосиф.