Македонија
(Видео) Иницијативата против задолжителна вакцинација одложена за после избори

Граѓанската Иницијатива против задолжителна вакцинација доставена до Собранието ќе се разгледува по изборите. На денешната седница на Комисијата за политички систем иако веше ставена на дневен ред, истата се одложи поради немање кворум за работа. Пратеникот Чедомир Саздовски, кој ја водеше седницата, образложи дека е изборен период и дека иницијативата ќе се разгледува на 6 или 7 мај.
Подносителите на иницијативата бараат измени на законот за здравствена заштита од заразни болести, со што наместо задолжително, бараат вакцинирањето да биде по избор на родителот.
„Ние не сме против вакцинирање, не е точно дека сме антиваксери, туку сметаме дека треба родителот сам да одлучува кога ќе вакцинира и за истата вакцина да има поткрепеност од каде доаѓа и што содржи”, вели Елена Павлеска.
Подносителите на иницијативата не сакаа да кажат зошто законските измени ги бараат во време на епидемија на морбили и како би се спречило ширењето на заразните болести ако родителите изберат да не ги вакцинираат децата.
„Не сме тука да дискутираме за и против вакцините, на навлегуваме во страната на медицината, само бараме да има избор”, одоворија од иницијативата на која се потпишале 129 граѓани.
Според нивното образложение, родителите се сомневаат во безбедноста и квалитетот на вакцините, потеклото, рокот и производителот, па оттука сметаат дека вакцината треба да е право на избор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.