Црна хроника
МВР за пукањето во Чаир: Застреланиот е 28-годишник, го пресретнале две лица
Вчера околу 18 часот во полицијата било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х.(28) од Скопје.
„Според пријавеното, непосредно пред тоа, на улица „Крсте Асенов“ на подрачјето на Чаир, тој бил пресретнат од две лица, од кои едното пукало кон него со пиштол и го повредило на ногата“, информираа од МВР.
Се додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
Вчера во 12.10 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Еден осомничен за поседување амфетамин во Инџиково
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес на осомничениот во селото Инџиково, додека со велосипед се свижел кон домот и се обидел да им избега на полицијата, биле пронајдени речиси 50 грама амфетамин и помало количество марихуана.
Притворската мерка е предложена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Топ
Трагедија во Гевгелија: младо момче падна од зграда и загина
Дваесет и едногодишно момче (Б.Б.) од селото Орашац, кумановско, паднало од зграда, а подоцна и починало.
Несреќата се случила додека младиот работник изведувал градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија.
По падот тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Гевгелија. Поради сериозноста на повредите, подоцна бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.