Топ
(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за непотизам. Од ДКСК најавија дека на списокот има 18 имиња чии вработувања ќе се проверуваат и дали имало судир на интереси. Меѓу првите се сопругот на пратеничката Мира Стојчевска, Илјо Стојчевски, во Шумската полиција во Делчево, за нејзиниот син Виктор Стојчевски, кој беше вработен во државната ЕЛЕМ, како и за нејзиниот брат Цветан Велевски, вработен во РЕК „Битола“.
Меѓу другите предмети се и за Надица Делкова – сопруга на градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков, вработена во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Дисан; Хидоете Алили – сестра на министерот за култура, Асаф Адеми, вработена во ЕЛЕМ; Кристијан Мисовски – син на пратеникот Горан Мисовски, вработен во Агенцијата за супервизија и осигурување; Фанија Костадинова – мајка на пратеникот Костадин Костадинов, вработена во ЦРМ – Струмица; Влора Бектеши – сестра на министерот за економија Крешник Бектеши, вработена во МЕПСО; Лила Пекевска – сопруга на градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, вработена во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“; Марија Јосифовска – сестра на пратеникот Александар Кирацовски, вработена во ДУД „Мирка Гинова“; Стојне Ѓорѓиев – син на пратеничката Милева Ѓорѓиева, вработена во МВР; Мерсида Рамчиловиќ – сопруга на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, вработена во МВР; Сара Александрова – ќерка на пратеничката Емилија Александрова, вработена во Фондот за иновации и технолошки развој; Цвете Станојкоска – внука на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски, вработена во Општина Прилеп; Љубислав Несторовски – сопруг на Магдалена Несторовска, вработен во ЕЛЕМ.
Антикорупциска ќе разгледува и како се вработила Бесија Џафери во ЕЛЕМ, ќерката на Талат Џафери, иако јавноста го отвори и прашањето за можен судир на интереси за овој случај бидејќи заменик-претседателот на ДКСК, Нури Бајрами, е баџанак со собранискиот спикер. Но, Комисијата на првата седница донесе заклучок дека нема судир на интереси, а Бајрами изјави дека ќе постапува законски и нема да дозволи влијанија или ургенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше издадено и во Индонезија по земјотресот.
Досега е пријавен еден смртен случај. Една жена загина кога ограда паднала врз неа.
Филипинската сеизмолошка агенција издаде предупредување за цунами, советувајќи ги жителите во блиските крајбрежни области да се евакуираат на повисоки места или подалеку во внатрешноста.
Агенцијата Фиволкс предупреди на штети и последователни потреси по силниот земјотрес на море, кој се случи на длабочина од 10 км во водите покрај градот Манај во Давао Ориентал во регионот Минданао на Филипините.
Фиволкс изјави дека во следните два часа може да се очекуваат бранови повисоки од еден метар над нормалната плима.
Индонезија издаде предупредување за цунами за северните региони Сулавеси и Папуа по земјотресот на Филипините, соопшти геофизичката агенција на Индонезија, предвидувајќи ризик од бранови високи до 50 см што ќе го погодат брегот на Индонезија.
Свет
(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица.
Украинската министерка за енергетика, Свитлана Гринчук, изјави дека руските сили напаѓаат енергетски објекти, чии работници се обидуваат да ги намалат ефектите од нападот.
‼️Right now, Russia is launching another massive attack on Ukraine's energy infrastructure.
Emergency crews are on high alert and will begin repairs as soon as it is safe.
— Svitlana Grynchuk (@s_grynchuk) October 9, 2025
„Експертите за енергетика ги преземаат сите потребни мерки за да ги намалат негативните последици. Штом безбедносните услови дозволат, тие почнуваат да вршат санациски работи“, напиша Гринчук на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Nine injured CIVILIANS following a massive russian terrorist attack on Kyiv😔!Residential buildings were damaged, apartments and cars caught fire and many are now without electricity!Soon on any European street near you,judging by the cowardice of our chosen ones @IntlCrimCourt pic.twitter.com/cj4Pji4pT1
— Clown (@DanaSLJL) October 10, 2025
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека осум лица се повредени, од кои пет се во болница и дека градот останал без електрична енергија.
Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, објави дека украинската престолнина била нападната од руски беспилотни летала и ракети по полноќ.
‼️🇺🇦🏴☠Kiev is without power!!!!
WE have now reached PEAK POWER DESTRUCTION!!There are water supply interruptions throughout the capital of Ukraine.
The video shows a blackout on the right and left banks in Kiev after a massive attack on the thermal power plant.
▪️Due to… https://t.co/0TDuWpBF8o pic.twitter.com/KV5sAkKTgU
— 𝐃𝐚𝐯𝐢𝐝 𝐙 🇷🇺 🇷🇺 (@SMO_VZ) October 10, 2025
Ткаченко рече дека дронот запалил станови на 6-тиот и 7-миот кат од облакодер во централниот Печерски округ и дека нема извештаи за жртви.
Сликите објавени на интернет покажуваат станови во пламен додека пожарникарите заземаат позиции за да интервенираат.
Во југоисточниот град Запорожје, беспилотните летала погодија неколку цели, при што беа повредени три лица и предизвикаа најмалку еден пожар во станбена зграда, рече регионалниот гувернер.
Фото: принтскрин
Македонија
Судиите мора да судат според законот а не според партиски влијанија, време е за ресет на системот, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Илинден, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Мицкоски зборуваше на темата за судството во земјата, при што посочи дека време е да се изгради држава на правда, слобода и грижа за секого, затоа што слободата не е само дел од Уставот туку начин на живот. Тој кажа дека системот, со вградени кочници во институциите кој СДСМ го создаде, го кочи напредокот.
,,Моментот што го чекале генерации е пред нас и затоа велиме дека сега е времето за ресет на системот. Време е да ги скршиме ланците на неправдата и конечно да изградиме држава на правда, слобода и држава која што ќе се грижи за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судии кои судат според закон, а не според партиски влијанија, институции кои штитат, а не молчат, процедури кои враќаат доверба, а не создаваат сомнеж. Правдата не смее да биде привилегија на малкумина, туку право на секој граѓанин, брза, достапна и ефикасна“, вели Мицкоски.
Истакна дека СДСМ ја претвори државата во партиски бизнис и систем кој ги гуши институциите, систем на двојни аршини, а додаде и дека истото мора да заврши.
,,Слободата не е само збор во Уставот, туку начин на живот, слобода на мислење, слобода на говор, слобода од страв и притисок. СДСМ ја претвори државата во свој приватен имот, партиски, бизнис и мафијашки систем кој ги гуши институциите, ја кочи правдата и го понижува народот“, рече Мицкоски и додаде:
,,Систем на двојни аршини, политички прогон и тендери во мрак. Не можеме да го чекаме утрото додека ситни и големи кочници ја гушат државата, кочници вградени во институциите, кои делуваат тајно или откриено и го кочат напредокот на секое едно семејство. На сите нивоа постојат елементи на една длабока држава, мрежи што се шират низ партии, институции, па дури и низ различни етнички заедници. Тоа мора да заврши“.
Мицкоски кажа дека ресетот на системот нема да е политички, туку институционален, и мора да има правда и одговорност.
,,Овој ресет нема да биде само политички. Тој ќе биде морален, институционален и народен. Ќе има правда и таа ќе биде брза. Ќе има одговорност и таа ќе биде вистинска одговорност. Овој ресет ќе биде праведен, но безмилосен кон оние што го злоупотребувале народот. Ќе ја вратиме одговорноста, достоинството и она што ни е важно е да имаме систем на кој што сите ние гордо ќе му служиме. Затоа драги браќа и сестри, на овие избори не бирате само градоначалник туку и давате енергија за големи промени по изборите“, заклучи Мицкоски.