Контакт

Топ

Пронајдени се двете сестри од Скопје кои беа пријавени како исчезнати

Објавено пред

Двете сестри од Скопје кои вчера беа пријавени како исчезнати се пронајдени, информира Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

„По преземени мерки од страна на полициски службеници се пронајдени С.К. (14) и Т.К. (13), за кои вчера во Полициската станица Бит Пазар нивниот татко М.К. (36) пријави дека се оддалечиле во непознат правец“, велат од МВР.

Од таму не откриваат повеќе детали за настанот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) „Кога ќе се раздени, веројатно ќе ги собираме телата“, вели шеф на полиција на Флорида

Објавено пред

Во Брадентон, Флорида е 4 часот наутро, а шефот на градската полиција разговараше со новинарите на Би-би-си неколку часа по пристигнувањето на ураганот Милтон. Мелани Беван вели дека нејзините колеги ги поминале последните три дена евакуирајќи ја канцеларијата.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот тим префрли повеќе од 45.000 парчиња имот, докази, оружје и опрема на безбедна локација – „сето тоа во подготовка за денес“, вели таа. Беван и другите полицајци моментално се во новата зграда, спроти полициската управа, која е изградена да издржи урагани од петта категорија, гледајќи како подигнувањето на нивото на морето драматично го зголемува нивото на водата на реката што минува низ градот.

„Нивото на водата веќе е зголемено за еден метар и сè уште се опоравуваме од ураганот Хелен што не погоди минатата недела“, вели таа. Беван вели дека имало „значителни ветрови“ во првите неколку часа од доаѓањето на Милтон, па додава дека „ова второ полувреме е многу полошо“.

„Удира силно, снимаме налети на ветер од 180 км/ч. Гледаме покриви како летаат, дрвја летаат наоколу. Прилично е грдо таму“, додава.

Запрашана за плановите за спасување на оние кои избраа да не се евакуираат, Беван вели: „Мислам дека нема да има спас по смирувањето на бурата… Она што веројатно ќе го најдеме наутро се тела“.

Таа вели дека полицајците им рекле на жителите да го напишат своето име и името на нивните најблиски на рацете со црн фломастер „за да најдеме некој да дојде да ги земе нивните тела“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Милтон сега е ураган од прва категорија

Објавено пред

Околу 12:30 часот по локално време, „окото“ на бурата се придвижи кон внатрешноста, носејќи обилни дождови на североисток кон Орландо. Во меѓувреме, надворешните појаси на бурата се шират кон исток, носејќи силни ветрови во областа на заливот Тампа.

dobivaj vesti na viber

Како што тие ветрови ќе се вратат кон заливот подоцна вечерва, заливот – кој се испразни рано оваа вечер – повторно ќе се наполни со вода, рече метеорологот на Си-ен-ен, Чад Мајерс.

Неколку часа по неговото првично пристигнување, Милтон сега е ураган од прва категорија и се наоѓа на околу 40 милји (65 километри) југо-југозападно од Орландо.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Масовен напад врз Русија, погоден магацин со дронови, гори кај воениот аеродром

Објавено пред

Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала.

dobivaj vesti na viber

Експлозиите се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј во Краснодарската територија. Руските власти известија дека избувнал пожар во магацин. Тие изјавија дека според првите информации нема жртви и дека пожарникарите успеале да го локализираат пожарот на површина од 1.600 метри квадратни.

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека е погоден магацин во кој имало ирански беспилотни летала Шахед, кои Русија ги користи за секојдневни напади врз Украина. Техеран испрати илјадници гореспоменатите беспилотни летала во Москва, па Русија ги лансира речиси секојдневно на цели во Украина.

Украинците тврдат дека во погодениот магацин имало околу 400 дронови. Според соопштението, нападот го извршиле украинската морнарица и единиците на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Генералштабот тврди дека биле снимени серија последователни детонации.

„Забележан е точен удар на целта. Уништувањето на магацинот на беспилотните летала Шахед значително ќе ја намали способноста на руските окупатори да ги тероризираат цивилите во украинските градови и села“, додаваат од Генералштабот.

Со беспилотни летала беше нападнат и воениот аеродром Ханска во реонот на истоименото село во Адигеја, руска република во Северен Кавказ. Пожар бил пријавен во близина на воен аеродром по ноќен напад, според системот за следење на пожарот на НАСА.

Локалното население ги слушнало беспилотните летала, но локалните власти се уште не ги објавиле последиците на нападот. Рускиот канал на Телеграм, Астра тврди дека споменатиот воен аеродром е дом на рускиот 272-ри авијациски полк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

(Видео) „Кога ќе се раздени, веројатно ќе ги собираме телата“, вели шеф на полиција на Флорида

Во Брадентон, Флорида е 4 часот наутро, а шефот на градската полиција разговараше со новинарите на Би-би-си неколку часа по...

Свет3 часа

(Видео) Милтон сега е ураган од прва категорија

Околу 12:30 часот по локално време, „окото“ на бурата се придвижи кон внатрешноста, носејќи обилни дождови на североисток кон Орландо....

Европа4 часа

(Видео) Масовен напад врз Русија, погоден магацин со дронови, гори кај воениот аеродром

Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала. Експлозиите се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј...

Свет5 часа

(Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки

Ураганот Милтон пристигна на Флорида околу 20:00 часот по локално време (02:00 часот по македонско), предизвикувајќи торнада и го зафати...

Свет5 часа

(Видео) Сателитот го сними моментот кога ураганот го погоди брегот на Флорида

Ураганот Милтон во средата навечер навлезе во Флорида како бура од трета категорија, според Националниот центар за урагани на САД,...

Свет5 часа

(Видео) Снимен бран од 8,5 метри во близина на окото на ураганот

Дрон снимил бран висок 8,5 метри и удари на ветерот од речиси 122 километра на час во близина на центарот...

Македонија19 часа

Костадиновски по укинувањето на балансерот: Ако јас како мнозинство добијам 100 поени, а вие како малцинство 40 и вие ја добиете предноста, дали ќе имаме стручен јавен сектор

Со мнозинство гласови денес Уставниот суд укина делови од одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни...

Македонија24 часа

Шеесетмина се затруле на Воената академија, Мисајловски, место храна, сега им исплаќа пари

Вкупно 60 луѓе се затруле од храната на Воената академија минатиот месец, извести денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во...

Свет1 ден

(Видео) Егзодус на Флорида, илјадници бегаат, заглавени на патиштата, без гориво

Денеска е последниот ден за жителите на Флорида да се евакуираат или да се предадат пред ураганот Милтон од петта...

Македонија1 ден

Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасошот, вели СДСМ

„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но...

Македонија1 ден

„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево – Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои...

Европа1 ден

Украински историчар: Зеленски е сакан во странство, но презрен дома

Јарослав Хрицак, професор по историја на Универзитетот во Лавов, во интервју за Corriere della Sera зборуваше за слабостите на украинскиот...

Свет1 ден

(Видео) Предупредувања до жителите на Флорида: Бегајте или ќе умрете

Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, ураган од четврта категорија, велејќи...

Свет1 ден

(Видео) Научници влетаа во центарот на монструозниот ураган: камерата сними нереални сцени

Ураганот Милтон се движи низ Мексиканскиот Залив и се поблиску до Флорида. Ударот се очекува во текот на среда, а...

Топ2 дена

МВР за трагедијата во Слатино: Сопругот ќе биде дополнително испитуван

Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на...

Топ2 дена

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино, таткото и малолетниот син пренесени во болница

Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму...

Топ2 дена

Скопјанка го пријавила роднината за полово вознемирување врз малолетната ќерка: ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа

Вчера во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја...

Македонија2 дена

Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови

На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми...

Топ2 дена

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во Општина Тетово

Вчера, во 20.15 часот, на улицата Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот...

Македонија2 дена

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по...