Македонија
Регистрирани 126 случаи на коронавирус во земјава, оздравени се 48 пациенти, починаа 4 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 66, Куманово – 6, Штип – 15, Прилеп – 3, Тетово – 19, Струга – 2, Велес – 2, Битола – 1, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Пробиштип – 2, Свети Николе – 1, Ресен – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Штип – 1, Битола – 1, Ресен – 3.
Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56 г.). Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка од Скопје (56 г.). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71 г.и во Прилеп пациент на 83 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3071, активни 2007
• Куманово 756, активни 299
• Дебар 92, активни 40
• Штип 345, активни 160
• Прилеп 261, активни 36
• Тетово 700, активни 384
• Струга 220, активни 135
• Велес 185, активни 40
• Битола 51, активни 17
• Охрид 167, активни 143
• Кавадарци 19, активни 13
• Гостивар 119, активни 63
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 4, активни 2
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 28, активни 24
• Кичево 30, активни 25
• Ресен 103, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.140 теста се преку: ИЈЗ –489, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -180, Судска медицина-0, Систина со PCR-метода -120, ЦЈЗ Битола – 20, лабораторија Лаор- 0. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 435
• Аеродром – 160
• Бутел – 155
• Гази Баба – 171
• Центар – 139
• Карпош – 157
• Сарај – 153
• Кисела Вода – 118
• Ѓорче Петров – 115
• Студеничани – 101
• Шуто Оризари – 81
• Арачиново – 53
• Илинден – 33
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 2
• Нераспределен- 84
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.