Топ
(Видео) САД: Тропската бура Бери се движи кон брегот, без струја останале 30.000 лица
Тропската бура Бери продолжува да се движи кон Луизијана, а метеоролозите предвидуваат дека ќе прерасне во ураган.
Flooding near Barataria. pic.twitter.com/X8fGY7O9Xw
— Paul Dudley (@Pauldudleynews) July 13, 2019
Повеќе од 29.000 потрошувачи изутринава останале без електрична енергија.Најголеми проблеми се забележани во области кои се наоѓаат на југот на американската држава Луизијана.
UPDATE: tree damage, power lines down across Morgan City, LA from #HurricaneBarry including this large tree crushing a vehicle. Thankfully no one was inside. This shows you one of the many dangers with going outside during a hurricane @breakingweather @accuweather pic.twitter.com/yzvxUPJ0bF
— Reed Timmer (@ReedTimmerAccu) July 13, 2019
Застојот во снабдувањето со електрична енергија се совпадна со предупредувањета за торнадо издадени од Националната метеоролошка служба во три области кои граничат со Џеферсон во западниот дел, во близина на Њу Орлеанс.

Националниот центар за урагани објави совети во кои се вели дека бурата Бери била на околу 115 километри јужно од Морган Цити, во близина на местото кадешто се очекува да се спушти на копно во утринските часови.
STORM SURGE flooding at the marina off Island Road in TerraBONNE Parish, LA. Water rising quite rapidly. Time 1010 pm @breakingweather @accuweather pic.twitter.com/4AA6U9WGPa
— Reed Timmer (@ReedTimmerAccu) July 13, 2019
Според совети, се очекува дека бурата ќе се движи кон север низ долината Мисисипи до утре вечер, па потоа постепено ќе ослабне како што ќе се движи кон внатрешноста на југо-централниот брег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Топ
Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени
Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Во незгодата повредени се пет лица, од кои три се пренесени во болницата во Прилеп, а две во болницата во Кавадарци. Лекар констатирал смрт кај две лица, соопшти МВР.
Од 18 часот сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Полицијата врши увид, по чие завршување јавноста ќе биде дополнително информирана за деталите од несреќата.
Топ
Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат.
Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување.
Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа.
Предметниот јавен обвинител предложи на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост. Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата.

