Топ
СДСМ преку оглас го бара кандидатот за претседател на државата
СДСМ објави отворен повик за самокандидирање на кандидати за претстојните претседателски избори. Во огласот се наведени четири критериуми кои се бараат од кандидатите: да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Република Македонија – полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија.
Рокот за пријавување на кандидатите е до 19 февруари, кои своите апликации треба да ги достават до Извршниот одбор на партијата.
Одлуката за објавување на повикот за кандидирање била донесена на последната седница на Централниот одбор на СДСМ кога најавија дека до крајот на неделата ќе се одржи и седница на Извршниот одбор за да се донесе конечна одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како што бара ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ најавија дека името на кандидатот за претседател ќе го објават на 3 март, а неофицијално во јавноста веќе се вртат имињата на министрите Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска , Никола Димитров и на националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне конкретен договор за мир меѓу Русија и Украина.
Иако претходно се очекуваше двајцата ќе се сретнат во Будимпешта, до средбата не дојде и истата е одложена.
„Морам да знам дека ќе постигнеме договор. Нема да губам време“, изјави Трамп во авионот „Ер форс“.
Тој додаде дека секогаш имал одличен однос со Путин, но дека ситуацијата е разочарувачка. Последната средба на 15 август на Алјаска беше оценета како продуктивна.
Во меѓувреме, нападите врз Украина продолжуваат — во најновите руски ракетни и дрон-напади загинале најмалку четири лица, а 20 се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД нови санкции против целиот руски нафтен сектор и ракети со долг дострел.
„Ројтерс“ вчера објави дека американската администрација подготвила дополнителен пакет санкции против руската економија, вклучувајќи банки и нафтна инфраструктура, што ќе се активира доколку Москва продолжи да го одолговлекува мировниот процес.
Извори за Ројтерс наведуваат дека Вашингтон разговара со европските сојузници и за користење на замрзнатиот руски имот за набавка на американско оружје за Киев.
Рускиот пратеник Кирил Дмитриев кој се наоѓа во Вашингтон вчера изјави дека Москва, САД и Украина се блиску до дипломатско решение, додека украинската страна ги поздрави новите санкции.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.
Свет
Трамп: Имам многу добар однос со кинескиот претседател, сакам да ми помогне со Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на помош од Кина во решавањето на ситуацијата со Русија и завршување на војната во Украина, пренесе Би-би-си.
Трамп зборуваше во претседателскиот авион „Ер форс уан“ на пат за Азија, каде што ќе се сретне со кинескиот лидер Шји Џинпинг.
„Би сакал Кина да ни помогне со Русија“, рече тој.
Изјавата доаѓа во период кога Вашингтон одбива да ѝ испорача на Украина ракети „Томаховк“. Трамп, сепак, воведе нови санкции кон две руски нафтени компании, додека од Кремљ порачаа дека се имуни на мерките.
Иако средбата со Шји првенствено ќе биде посветена на трговијата, Трамп најави дека ќе разговараат и за Украина.
„Имам многу добар однос со претседателот Шји, и верувам дека и тој сака војната да заврши“, изјави Трамп.

