Топ
Син ја убил мајка си во Скопје
Скопјанец со нож утрово ја убил својата мајка во Аеродром.
„Денеска (16.10.2021) во 07.50 часот на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека околу 06.30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала“, информираат од МВР.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата
Кинезите го слават возачот на камион кој го паркирал своето возило преку автопат за да спречи повеќе возила да не се стркалаат по падината по уривањето на автопат. Најмалку 48 лица загинаа во несреќата на југот на земјата.
Ванг Ксијангнан во средата возел по автопат во провинцијата Гуангдонг кога забележал неколку возила кои се движат во спротивна насока на автопатот со четири ленти. Набрзо еден колега возач го известил дека автопатот пропаднал.
Поранешниот војник Ванг брзо го позиционирал својот камион да го блокира автопатот, ефикасно запирајќи десетици возила да продолжат кон амбисот. Во меѓувреме, неговата сопруга излегла од камионот за да ги предупреди другите возачи за ситуацијата, јавуваат кинеските медиуми.
„Не размислував премногу. Само сакав да ги запрам возилата“, изјави Ванг за кинеската новинска агенција. Храбрите постапки на Ванг не само што добија пофалби од Кинезите на социјалните мрежи, туку и признанија од Кинеската фондација за развој на работниците.
Фондацијата во петокот објави дека му доделила на Ванг 10.000 јуани (1.414 долари) во соработка со една автомобилска компанија. Добротворниот проект поврзан со технолошкиот гигант Алибаба, исто така, му даде на Ванг еднаков износ. Ванг изјави за весникот дека парите ќе ги донира на семејствата на жртвите од колапсот.
Локалните медиуми, исто така, објавија дека уште еден маж клекнал за да ги спречи автомобилите да продолжат по автопатот. Несреќата се случила по цел месец обилни дождови во Гуангдонг. Некои од 23-те возила кои паднаа во длабоката провалија се запалија, по што се издигнаа густи облаци од чад.
Во саботата, градската влада на Меиџоу во Гуангдонг објави дека властите ќе спроведат проверки на автопатите, железниците и патиштата во планинските области. Тим предводен од гувернерот на провинцијата ги истражува причините за падот.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.