Топ
Скандал во охридската болница, ја тепала колешката пред пациенти

Во Општата болница во Охрид вчера се случи несекојдневен инцидент што ја вознемири јавноста. Околу 13:25 часот, полицијата добила пријава дека една вработена физички ја нападнала својата колешка додека таа извршувала работни обврски.
Според информациите од СВР Охрид, двете колешки влегле во вербална расправија која брзо прераснала во физичка пресметка. Причината за конфликтот сè уште не е официјално потврдена, но се претпоставува дека станува збор за недоразбирање поврзано со работниот процес.
Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на случајот. По целосно документирање на настанот, против напаѓачката ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инцидентот предизвикал шок меѓу останатите вработени и пациентите, кои биле сведоци на немилиот настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Регион
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
„Денес е убав ден, денес е голем ден, денес е празник, денес е Видовден. Ќе видите, ведро е, што е тоа мал број на луѓе на литературното попладне, или вечер, весели луѓе кои го слават празникот, кои го слават Видовден, весели луѓе бидејќи знаат дека Србија победила. А вечер ќе видите бесни луѓе, некои кои на крајот ќе завршат во насилство затоа што не си оставиле друг избор“, рече Вучиќ и додаде: “Немам страв за конечниот исход, Јас уште еднаш ја користам оваа прилика, ги молам како татко да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечете во некој момент отколку да направите некаква лудост поради која ќе се каете цел живот. Но, тука завршувам. Немам баш никаков страв за тоа каков е конечниот исход. Само сакам да ја сочувам целата ситуација, пред се младите луѓе и овие постари“, рече претсетдателот Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот протест на студентите кажа и точно кога очекува да почне насилството.
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече претседателот Вучиќ.
Почетокот на протестот на студентите во Белград е најавен за вечерва во 18 часот. Ќе трае три часа, а студентите се оградија од сите настани што ќе се случуваат по 21 часот.
Македонија
Пијан Турчин приведен во Охрид, со нож влегол во угостителски објект

Охрдиската полиција приведе пијан Турчин. Викал и непристојно се однесувал на улица, а потоа влегол во угостителски објект каде што полицијата забележала дека носи нож.
„На 27.06.2025 година во 07.50 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведен е Г.А.(32) од Фалса, Република Турција. Тој претходно, во алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување а потоа влегол во угостителскиот објект каде, при извршен преглед, полициските службеници, кај него забележаа и му одзедоа нож“, извети МВР.
Против него се поднесени пријави по Законот за оружје и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.