Топ
Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата
Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и Србија да постигнат договор за нормализирање на економските односи, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на писмото на косовскиот претседател Хашим Тачи до шефот на американската држава.
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, го известил Трамп дека ќе добие косовски медал Орден на слободата, пренесува „Ројтерс“, наведувајќи дека имал увид во писмото на Тачи до шефот на Белата куќа.
Двајца соработници на Трамп, советникот за национална безбедност, Роберт О’Брајан, и американскиот пратеник за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, ќе добијат претседателски медал за заслуги.
Како дел од договорот постигнат на почетокот на септември во Белата куќа, Косово и Србија се согласија да работат на економските врски.
Во своето писмо до Трамп, изразувајќи длабока благодарност за неговиот личен придонес во посредувањето на договорот, Тачи го покани американскиот претседател да го посети Косово, наведува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од Гренланд, велејќи: „Сега е време и тоа ќе се направи!“
„НАТО ѝ кажува на Данска веќе 20 години дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не успеа да направи ништо во врска со тоа“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Белата куќа, данското претседателство со Европската унија и данското Министерство за надворешни работи не одговорија веднаш на барањето на „Ројтерс“ за коментар.
Трамп постојано инсистира дека нема да прифати ништо помалку од сопственост на Гренланд, автономна територија на Данска. Лидерите на Данска и Гренланд инсистираат дека островот не е на продажба и не сака да биде дел од Соединетите Американски Држави.
Во саботата, Трамп се закани со бран зголемување на царините за европските сојузници сè додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд.
Растечкото присуство на Кина и Русија го прави Гренланд од витално значење за безбедносните интереси на САД, тврди Трамп. Данските и други европски претставници истакнаа дека Гренланд веќе е вклучен во колективниот безбедносен сојуз на НАТО.
фото/Depositphotos
Топ
Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да ја убие сопствената баба.
При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба.
На 17 јануари, откако претходно ја блокирал и ја затворил влезната врата од куќата со фиока, со рацете ја удирал жената по главата и телото се додека не паднала во бессознание. Со ударите и нанел повеќе тешки телесни повреди, крварења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски, со кои и е доведен во опасност животот на жртвата.
По настанот, осомничениот избегал, но за кратко време бил приведен. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоци или да изврши друго дело.
„Воедно искази на дел од сведоците укажуваат на неодамнешни промени во однесувањето и психичката состојба на осомничениот, од кои произлегува сомневање дека тој би можел да боледува од некаква душевна болест. Бидејќи со стручно мислење се предлага понатамошна опсервација на осомничениот, со цел да се изврши негова медицинска проценка и психијатриско вештачење, јавниот обвинител предложи судот со посебно решение, по определување на мерката притвор, да го испрати осомничениот на опсервација и вештачење во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар за период од најмалку 1 месец“, соопшти Обвинителството.
Свет
(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија
Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга.
Несреќата се случила вчера околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага-Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамуз. Вагоните преминале на соседната пруга, на која во тој момент минувал возот Ренфе од Мадрид до Хуелва во спротивна насока, со брзина од околу 200 км/ч, што, исто така, предизвикало и негово излевање од шините.
Возот Ирјо бил произведен во 2022 година, и последен пат бил проверен на 15 јануари. Несреќата се случила на рамен дел од пругата, што го потврди и министерот за транспорт Оскар Пуенте.
Спасувачките операции за жртвите од железничката несреќа сè уште се во тек.
фото/епа

