Топ
80 гласа „за“ за формирање ново министерство

Со 80 гласа „за“ пратениците ги изгласаа измените на Законот за Владата и Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои ќе се формира ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Со законските измени се предвидува укинување на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Во образложението за потребата од ново министерство предлагачите наведуваат дека со Законот за употреба на јазиците се исполнуваат обврските од Рамковниот договор и дека за имплементацијата е потребна поголема координација во смисла на предлагање закони и слично, што е ингеренција на министерство, а не на Секретаријатот.
Покрај обврските, новото министерство ќе го преземе и кадарот од 1.700 вработени во Секретаријатот. Законот е предвидено да стапи во сила од 1 јуни 2019, а министерот ќе се избира по изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато лице.
Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Џ.(56) од Пожаревац, Република Србија, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Економија
Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,559%, кај дизелот за 0,837%, кај екстра лесното масло за 0,048% и кај мазутот намалувањето е за 1,882%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,650%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Македонија
(Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на ваков реномиран меѓународен спортски настан претставува голема чест за државата.
Според неа, 4.000 спортисти-учесници ja манифестираат убавата страна на сегашноста, ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.
За претседателката, ова не е само врвен спортски собир, туку е симбол на младоста, генератор на заедништвото и солидарноста, креатор на европскиот културен и спортски дијалог, во кој спортистите не се претставуваат само себеси и своите земји, туку промовираат и спортско витештво, пријателство и фер однос и кога победуваат и кога губат.
Сиљановска-Давкова ги охрабри младите да продолжат да го развиваат олимпискиот дух, нагласувајќи: Верувам дека уште еднаш ќе покажеме и ќе докажеме дека сме хумани и добри домаќини, народ со страсна спортска публика, што знае да бодри, поттикнува и наградува.
Летниот европски младински олимписки фестивал се одржува од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово. На свеченото отворање, покрај претседателката Сиљановска-Давкова се обрати претседателот на Европскиот олимписки фестивал, Спирос Капралос, а беше изведена „Парада на делегациите“и танцова изведба од Националната опера и балет.