Uncategorized
(Видео) Маж ја запали влезната врата на центарот за регрутација во Санкт Петербург

Во центарот на Санкт Петербург, маж ја запалил влезната врата на центарот за регрутирање во воениот комесаријат и се обидел со автомобил да ја пробие влезната врата.
„Во 19 часот и 15 минути на улица „Чајковски“ бр. 55 непознато лице ја запалило влезната врата на воениот комесаријат и со автомобил се обидел да ја пробие вратата“, изјавиле градските власти на „Телеграм“.
Се додава дека лицето било приведено,и пожарот бил брзо изгаснат, а не е направена поголема штета.
На крајот на јануари во Русија беше изречена првата казна за палење на воениот комесаријат врз основа на законот за тероризам. Владислав Борисенко, кој беше прогласен за виновен за терористичкиот напад, е осуден на 12 години затвор и парична казна од 6.000 рубљи (околу 60 евра).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Штекли објави фотографија од раната и напиша: Бог ги сака храбрите

Раде Трајковски-Штекли на својот „Инстаграм“ објави „стори“ со раните што ги добил од куршумите кога пред неполн месец беше пукано во него во трговскиот центар „Ист гејт мол“.
Под фотографијата што ја сподели со јавноста напиша:
„Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“.
МВР сè уште нема осомничени, ниту уапсени за овие случаи. Раде Трајковски-Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.
Uncategorized
(Видео) Македонија до реми против Англија ги заврши квалифиакции за ЕУРО 2024

Foto/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Англија доминираше во поседот во текот на целиот натпревар, особено тоа беше изразено во првото полувреме, кога Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот, но и со таква игра стигна до предност.
Англичаните од големиот посед на топката, во првото полувреме не добија апсолутно ништо. Најблиску до гол беше Деклан Рајс кој во 14.минута ја погоди стативата.
Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Играчот кој утре ќе наполни 19 години, го удри со рака по лицетот напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира.
Пеналот на Барди во 41.минута го одбрани Пикфорд, но одбиената топка се врати кај капитенот на Македонија, кој од втората шанса не пропушти да ја реализира.
Во судиското надополнување на времето, во првото полувреме, Трент шутираше, а Димитриевски одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер.
На стартот на второто полувреме, Гришиш постигна гол во 47.минута. ВАР долго ја провруваше таа ситуација и пресуди дека играчот на Манчестер сити бил во офсајд.
Англија изедначи веднаш по влегувањето на Хари Кејн на теренот. Капитенот на „Гордиот Албион“ тргна на нафрлената топка од корнер, но таа го погоди Атанасов и заврши во голот.
До крајот немаше некои поголеми возбудувања. Во 87.минута Серафимов се обиде, но ударот заврши над голот на Пикфорд.
Uncategorized
(Видео) Еуфорија на трибините по голот што го даде Македонија

Радост на трибините по голот на Македонија против Англија.
Македонија води 1:0 на полувреме.