Контакт

Uncategorized

Жена од Германија пријавила дека била силувана во Охрид

Објавено пред

Вчера во 16.30 часот во СВР Охрид, 42-годишна жена од Германија, со престој во Охрид, пријавила дека на 21 и 22.08.2023 во Охрид, А.О.(46) од Република Турција, со престој во Кичево, извршил обљуба врз неа.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Uncategorized

Иван Љубичиќ: В недела нема фаворит

Објавено пред

Разговор со прославениот хрватски тенисер Иван Љубичиќ, поранешен трет играч на светот, за очекувањата од неделното финале, за улогата која сега ја има во тенсиот, за ривалството Синер-Алкарас, за состојбата на тенисот во регионот, за соработката со Роџер Федерер, за однсоот тренер-тенисер, за тоа дали би прифатил да му биде тренер на Новак Ѓоковиќ, за потребата тенисот да се реформира, како и за сеќавањата на Скопје, кое само еднаш го посетил, но во кое со задоволство повторно би дошол.

dobivaj vesti na viber

-Господине Љубичиќ, разговоров го правиме на 24 часа пред големото финале на Вимблдон. Што очекувате од него и каков совет би му дале на Карлос Алкарас, а каков на Новак Ѓоковиќ за да дојдат до триумф во мечот?

Љубичиќ: Мислам дека во полуфиналињата и двајцата одиграа многу добро. Влегуваат во финалето без некои поголеми проблеми ниту физички, ниту ментални, така што очекувам спектакуларен меч. Што се однесува до советите, Алкарас треба само да го погледне минатогодишното финале, и од него ќе добие многу информации што може, а што не може. Вистина, во однос на минатата година, Алкарас оваа е поинаков играч, исто така, има повеќе искуство и ќе влезе во мечот со еден друг ментален склоп. Тенисот на Новак ни е многу познат, мислам дека длабочината на неговите топки ќе биде многу важна, да не му допушти на Алкарас апослутно да доминира од основната линија и да доаѓа премногу напред. Но, тенис на три добиени сетови, тоа ќе биде еден долг меч, во кој еден играч ќе почне многу подобро од другиот, па другиот ќе мора да се адаптира… Тоа е цела една книга која треба да се напише. Искрено, со нетрпение чекам да видам кој ќе биде победник.

-Сигурно дека фаворит во мечот нема. На кого би му дале минимална предност во финалето.

Љубичиќ: Не мислам дека го има. Двајцата го имаат освоено Вимблдон, двајцата се познаваат меѓусебно многу добро, двајцата покажаа во полуфиналето дека сè е како треба, дека се подготвени да го направат и последниот чекор, така што нема фаворит за ова финале.

-Сепак, на крајот од полуфиналето, Новак на теренот рече дека Алкарас ќе освојува многу финалиња, но кога тој ќе се пензионира; исто и во изјавите за новинарите тој е полн со самодоверба. Мислите ли дека Новак се чувствува дека е фаворит во недела, или е ова само праќање порака до противникот за тој да се плаши од него?

Љубичиќ: Сигурно е дека се чувствува многу добро. Во последните два меча со Холге Руне и Лоренцо Мусети не изгуби ниту еден сет. Со коленото е сè во најдобар ред и нема потреба да не се чувствува добро и да не е полн со самодоверба. А, дали е тоа и некоја порака до противникот, мислам и дека не е толку важно, бидејќи и двајцата играчи се доволно искусни за таквите пораки да немаат некое големо влијание на противникот.

Господине Љубичиќ, ве сретнувам на Вимблдон во медиумскиот простор со микрофон во рака како стоите пред камера. Во какво својство сте присутни на турнирот?

Љубичиќ: Јас овде работам за италијанскиот спортски канал Скај. Тоа е првата работа која ја добив во април 2012 година, истиот ден кога престанав да играм; ме најдоа Италијанците и ми понудија да работам за нивната телевизија. И оттогаш почнав да го работам Вимблдон, со пауза во годините кога му бев тренер на Федерер. Но, штом престана соработката со Федерер, повторно се вклучив. Не работам многу, само 4-5 седмици годишно. Тоа на нив им е е многу важно, а мене ми се допаѓа. Така што тоа е една вин-вин ситуација, бидејќи за повеќе и немам време затоа што сега сум директор на Тенискиот сојуз на Франција и сум и шеф на Олимпискиот тим на Франција и сите национални селекции. На Вимблдон сум пред сè како претставник на Тенискиот сојуз на Франција, а за телевизијата обично на крајот од денот ќе направиме по некоја емисија за тоа што се случило дента на терените.

Со вашиот ангажман за Скај, вие сте дел од телевизискиот тренд многу поранешни тениски асови да постануваат телевизиски коментатори. Матс Виландер е на Еуроспорт, Џон Мекинро работи за ЕСПН, Ник Кириос е во БиБиСи. Кој беше вашиот мотив да го прифатите овој ангажман?

Љубичиќ: Јас го сакам тенисот, сакам да зборувам за него и сакам да им објаснувам на луѓето за она што се случува на теренот. Се обидувам да не користам премногу стручни изрази и да им објаснам на гледачите што на играчите им минува низ главата во одреден момент, како се чувствуваат. Значи, сè она што не се гледа. Не сакам да бидам банален, буквален, туку се обидувам да им го допближам тенисот.

Работите за италијански Скај, сигурно имате и внатрешен увид во италијанскиот тенис. Како гледате на оваа експлозија од успеси на италијанските тенисери, која се случува последниве години, а и овие денови на Вимблдон? Ако бараме аналогија во минатото, таков бум во тенисот имаше Шведска во осумдесеттите години. Можеме ли сега да зборуваме за италијански тениски феномен?

Љубичиќ: Мислам дека има сличност во паралелата која ја направивте помеѓу шведскиот тенис тогаш и италијанскиот денес, во тоа што постои еден играч кој влече, кој е магнет и кој ја мотивира целата генерација и целата држава. Тоа во седумдесеттите во Шведска беше Бјерн Борг, што резултираше со резултатите во осудесеттите. Во Италија, иако тенисот секогаш постоеше, сепак дури со појавувањето на Јаник Синер тие ги поставија работите поинаку. До пред 5-10 години, Тенискиот сојуз на Италија инсистираше најдобрите деца да бидат дел од сојузот и да доаѓаат во сојузот да тренираат. Сега тој дел е сменет, дозволуваат најдобрите деца да останат таму од каде се, да тренираат во своите клубови со своите тренери, а тие како сојуз им помагаат на еден друг начин, што доведе до таа промена. Меѓутоа, денес го имате Јаник Синер, кој е најдобар тенисер на светот, а кој никогаш немал никаква врска со италијанскиот сојуз и бил индивидуален проект.

-Дали сте имале можност да го запознаете Синер, особено пред да постане врвен тенисер?

Љубичиќ: Да, пред 14 години, тогаш тој дојде во Бордигера кај Рикардо Пјати, а јас тогаш бев таму. Го помнам кога беше уште мал и ми остави впечаток дека играше добро, беше меѓу подобрите во Италија. Меѓутоа, тоа што на почетокот паралелно и скијаше доста му помогна во физичкиот дел и за координацијата. Јас сметам дека за било кој спорт е важно децата во раната фаза, до 13-14 години, да се бават со различни спортови, со што координацијата и телото ќе се развиваат во повеќе правци, а не само во тенискиот. Тоа беше случај и кај Федерер, Надал и други големи играчи. Сите тие играле и некои други спортови до одредена возраст, за потоа да решат дека фокусот ќе им биде само на тенисот. Факт е дека денес Синер е еден голем магнет за италијанската публика и за малите деца кои сè повеќе се пријавуваат да играат тенис, а со тоа доаѓа и до експанзија на спортот во одреден период. Колку тоа ќе трае, ќе видиме.

-Како гледате на ривалитетот кој се создава помеѓу Синер и Алкарас? Дали ќе имаат потенцијал да ги заменат Ѓоковиќ, Надал и Федерер и да ја продолжат тениската еуфорија која големата тројка ја создаде?

Љубичиќ: Секако дека ќе ги заменат и веќе ги заменија, бидејќи тоа се двајцата тенисери за кои сите зборуваат и кои најмногу победуваат во овој момент. Дали ќе останат единствени, дали ќе се приклучи Руне, или ќе се појави некој друг, или некој од нив двајцата ќе го загуби чекорот, тоа се работи кои допрва треба да ги видиме. Но, во овој момент, сè се чини дека тие двајцата ќе бидат оние кои следните години ќе доминираат или ќе бидат меѓу најдобрите. Меѓу нив има две години разлика, Алкараз е помлад, но и тие се два различни типови, слично како што беа Федерер и Надал, кои се два тотално различни карактери, поинакви по начинот како играат, функционираат и размислуваат. Во сето тоа тие се различни еден од друг, но и двајцата беа подеднакво успешни.

-Како гледате на состојбата во хрватскиот тенис? Минатиот мај, по прв пат, после 21 година, се случи Хрватска да нема тенисер меѓу првите 50 на АТП листата.

Љубичиќ: Тоа е таков момент. Хрватска никогаш и немаше некој систем и некоја причина зошто ние би ги имале сите тие успешни играчи. Едноставно, тоа беа проекти на нивните семејства кои издвојувале лични средства и наоѓале начин како да туркаат напред. Сега, во овој момент, тоа го нема; постојат таленти, постојат млади играчи, кои ќе се обидат да се пробијат. Во Хрватска сè е тоа индивидуално, стихијно, може во следните десет години да немаме никого во првите 100, а може и да имаме неколку.

-Претпоставувам дека слична ќе биде иднината и со српскиот тенис кога Новак Ѓоковиќ ќе се повлече?
Љубичиќ: Па, да… Со тоа што очекувам дека Новак Ѓоковиќ, како најголем тенисер во Србија, повлекол и огромен број деца да играат тенис. А, штом е поголема бројката на тенисери поголема е и можноста да се случи успех. Не ги знам деталите, но, во овој момент, мислам дека тенисот во Србија подобро стои отколку во Хрватска, само заради тоа што во Србија повеќе деца играат тенис отколку што играат во Хрватска.

-Кога го спомнавме Ѓоковиќ, после Горан Иванишевиќ, тој сè уште е без постојан тренер. Постои ли можност да соработувате со Новак како тренер?

Љубичиќ: За тоа тренерот не му се обраќа на играчот…

-…Значи, играчот треба да му се јави на тренерот?!

Љубичиќ: Искрено, не сум размислувал за тоа. Јас сега имам многу друга работа, ја спомнавте телевизијата и Тенискиот сојуз на Франција, но имам и моја тениска академија во Хрватска, како и други бизниси кои немаат врска со спортот, така што полни ми се рацете со работа. Од тие причини, во овој момент не размислувам за тренерската работа, иако, после Федерер, сум имал многу понуди. За сега, францускиот тениски сојуз и академијата на Лошињ ми одземаат многу време, што влијае и на моето семејство да не добиваат доволно време од мене. Затоа, ќе се обидам и тука да се променам, бидејќи имам две деца на кои им потребен тато. Во такви околности, да тренирам некој играч, не само Ѓоковиќ, туку било кој друг, тоа би барало големи промени во мојот живот.

-Двајцата најголеми хрватски тенисери им беа тренери на двајцата најдобри тенисери. Вие на Федерер, а Горан Иванишевиќ на Ѓоковиќ. Според она што медиумски беше прикажано преку преносите од турнирите, се создаде слика дека се работи за потполно два различни пристапи и сензибилитет во односот тренер и играч.

Љубичиќ: Не знам каков бил нивниот однос, јас од моја страна уживав да работам со Федерер, ми беше пријатно апсолутно секој ден, не постоеше ден јас да почувствував дека не сакам да го работам тоа. Секако, имаше тешки порази, повреди и тешки моменти во спортска смисла, меѓутоа секоја секунда, секоја минута помината со Роџер за мене беше пријатна, позитивна, со респект, со нормална и човечка комуникација. Не знам како на Горан му изгледале деновите со Новак, каков бил нивниот однос. Но, да се биде тренер на тоа ниво, мислам дека за секој играч е поинаку. Секој има различни потреби, некој бара повеќе, некој помалку, некој бара повеќе тактика, друг техника, некој ментално да се работи… на тоа ниво секој играч е различен и тоа не е класичен коучинк како луѓето замислуваат дека јас сега на Федере ќе му кажам како да го удри форхендот. Јас него не го учам тенис, туку се обидувам да му проширам некои визии, да му укажам на некои нешта, да го освестам за некои работи. Тоа е тотално поинаква работа отколку кога работиш со јуниори кои мораш буквално да ги учиш како да играат, како да ја удрат топката, како тактички да го изградат поенот, како да го прифатат поразот.

-Како вие би реагирале на ситуации ако играчот кого го тренирате јавно ви се изнавика, па и понижи?
Љубичиќ: Мене тоа никогаш не ми се случило, но секако дека имало ситуации и на мене како на гледач да ми биде незгодно од таквите слики. Не само за Новак, имало и многу други играчи. Јас не сум така воспитуван, не сум така израснат, моите родители многу јасно ми дале до знаење како треба да се однесувам кон авторитетот, како да се однесувам кон тренерот, кон луѓето до кои ми е станато. Но, секој е различен.

На овој Вимблдон Даниел Медведев повторно побара на гренд слемовите, наместо во три добиени сета, да се игра во два. Мислите ли дека му треба реформа на тенисот во тој поглед?

Љубичиќ: Кога правите некои големи реформи, морате да имате причина за тоа. Во пет сетови се играло пред 50 години, се игра и сега. Не се направени промени да се игра повеќе, па сега играчите да не можат да се навикнат. Тоа е нешто што постоело од секогаш. Ние игравме Дејвис куп, финалиња на Мајами и Индијана Велс во пет сетови, јас играв во Мадрид во пет сетови, финале во Виена во пет сетови. Ако зборуваме за тоа, порано повеќе се играше во пет сетови отколку сега. Така што, не мислам дека е сега потешко отколку што било порано. Јас го сакам best of five, тоа е нешто што ми се допаѓа, тоа е оној чист тенис, во кој на крај се гледа кој навистина е подобар. Сите скратени верзии ја зголемуваат можноста од изненадувања, кои нема да го покажат вистинскиот квалитет. Јас не сметам дека тенисот има проблем, за ние сега да мораме нешто драматично да менуваме и се надевам дека до тоа нема ни да дојде.

Во Скопје рековте дека само еднаш сте биле во 1999. и дека сте играле на терените во Градски парк? Во какви сеќавања ви е останат градот?

Љубичиќ: Да, тоа беа терените покрај стадионот на Вардар. Играв на турнир и изгубив од Винченцо Санто Падре. Беше одличен играч и во тој момент беше подобар од мене. Тој потоа стана тренер на Матео Беретини и тоа му беше до минатата година. Се сеќавам дека ми беше многу убаво во Скопје, се чувствував многу пријатно, тоа беа првите години по војната. За жал, после тоа, немаше друга прилика да го посетам градот. Меѓутоа, на неколку пати играв парови со Александар Китинов, и, што се однесува до мене, тој беше најдобриот тенисер на Македонија. Исто и тренерот на Калин Ивановски, Лука Кутањац, ми е еден од најдобрите пријатели, тој е моја генерација, така што ги имам сите информации за Калин и го следам неговиот развој.

Разговарал и фото од Вимблдон,
Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Меџити: Со проектите ЕУ за Преспа, вредни над 14 милиони евра ќе се заштитат природните вредности ќе се поттикне туризмот во регионот

Објавено пред

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, заедно со амбасадорот на Европската Унија и шеф на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир, постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска беа во посета на Преспанскиот Регион, каде заедно со градоначалникот на општина Ресен Јован Тозиевски ги презентираа комплементарните активности и мерки, вредни над 14 милиони евра што ќе се финасираат во рамки на Програмата „ЕУ за Преспа“.

dobivaj vesti na viber

Европската Унија како инвеститор, Програмата за развој на Обединетите Нации како имплементатор, заедно со општина Ресен, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Царинската управа и други национални и локални партнери и засегнати страни ќе работат на заштита на биодиверзитетот во Преспанското Езеро, развојот на одржливото земјоделие и туризам, а ќе се спроведат и крупни инфраструктурни интервенции за справување со отпадот и отпадните води и поттикнување на регионалниот развој.

Инвестициите во Преспанскиот регион, што ќе се спроведат преку два проекти, финансирани од ЕУ и делумно од УНДП и национална контрибуција –„ЕУ за инфраструктурни подобрувања во регионот на Преспа“ и „ЕУ за Преспа – обнова на природните ресурси за зајакнување на одржливото земјоделие и туризам“, ќе овозможат промоција и поддршка на добрите земјоделски практики, изградба на системите за управување со отпадни води со што повеќе од 1500 жители на 6 села ќе имаат и пристап до модерни и ефикасни решенија за справување со овој предизвик, а мрежата за собирање на цврст отпад ќе се прошири со 11 села и над 1100 жители, со што ќе се спречи загадувањето на животната средина со повеќе тони отпад секоја година. Исто така, предвидено е и отворање на граничниот премин „Маркова Нога“ меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

Како што изјави првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во своето обраќање, ова се значајни инвестиции кои бараат соработка на националните и локалните власти со меѓународните институции и граѓанскиот сектор. Со изградба на прекуграничниот премин кај Маркова нога ќе се овозможат подобри услови за развој на земјоделието и туризмот и полесен промет на луѓе и стоки.

„Со реализација на овие инвестиции, како држава ја потврдуваме нашата посветеност кон отворено општество, прекугранична мобилност и соработка и промоција на Зелената агенда за Западен Балкан во согласност со мото „ниту една личност и ниту еден регион да не биде запоставен“ истакна Меџити.

Во рамки на посетата високите функционери го посетија Царев Двор, „Духот на Преспа“ каде им беа презентираа добрите практити за промоција на регионот на Преспа преку агро-туризмот на локалните земјоделци. Исто така ја посетија и локацијата „Маркова Нога“, каде треба да се изградиновиот граничен премни.

Проектите, како што е најавено, ќе се имплементираат во наредните 3 години и ќе се спроведат до септември 2027 година.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Гаши на средба со амбасадорот на Австралија: Разговарано за билатералните односи меѓу двете земји

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Даниел Џозеф Емери, амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија (со седиште во Белград, Република Србија).

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, а Гаши го запозна амбасадорот и со чекорите на Северна Македонија во насока на остварување на своите стратешки цели за што во континуитет имаме поддршка од нашите пријателски земји, меѓу кои и Австралија.

Гаши нагласи дека Северна Македонија и Австралија, иако се просторно многу далечни, всушност негуваат мошне блиски и пријателски односи и споделуваат слични вредности, особено во поглед на светскиот мир и демократијата.

Беше посочено дека наредната година се заокружуваат 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Тоа, како што беше заклучено, претставува дополнителен поттик за понатамошно продлабочување на соработката и во делот на економијата и инвестициите, особено ако се има предвид дека голем број граѓани по потекло од земјава живеат и работат во Австралија.

Соговорниците ја оценија како позитивна и продуктивна комуникацијата на ниво на парламенти и преку пратеничките групи за соработка, а во однос на мултилатералната соработка беше посебно истакнато партнерството во рамките на НАТО и членството во Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на...

Македонија2 часа

МНР ќе одлучува дали има оправдани причини антикорупционерите да добијат дипломатски пасоши

Веста дека претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, добила дипломатски пасош, а останатите членови исто така поднеле барање, оти многу патувале,...

Македонија2 часа

(Видео) Лефков: Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од...

Топ4 часа

Приведен разбојник во Скопје, со употреба на сила од вработена во продажен објект одзел производи

Полицијата приведе 31-годишен скопјанец кој со употреба на сила одзел производи од продажен објект во Драчево, информира МВР. „На 19.07.2024...

Македонија6 часа

Расте бројот на пожари низ Македонија: во моментов активно беснеат 12, познато е каде гори

Центарот за управување со кризи во последното деноноќие регистрира вкупно 35 пожари. Од нив 12 се се’ уште активни, а...

Македонија6 часа

Доаѓа невреме: пороен дожд и грмежи, силен ветер и град попладнево ќе ја зафатат Македонија

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните...

Македонија20 часа

(Видео) Пороен дожд, грмотевици и град попладнево во Охрид, Свети Николе и Струмица

Во централниот дел од Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, извести Центарот...

Топ21 час

Почина осуденик во Идризово, телото е дадено на обдукција

Денеска во 02.08 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во амбулантата во...

Топ21 час

Уапсен 53-годишник, извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека...

Македонија21 час

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот меѓу селата Драгоево и Селце

Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината...

Македонија1 ден

Министерот Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именува нови в.д. директори во повеќе здравствени установи....

Македонија1 ден

„Визер“ предупредува: Патниците да пристигнуваат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет денес

Пристигнете на аеродромот најмалку три часа пред летот, апелираат од „Визер“ по денешниот ИТ-колапс. Се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот...

Топ1 ден

Пронајдено телото на скопјанецот што се удави во Дојранското Езеро

По преземените мерки и активности, тим пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска, околу 7 часот, во Дојранското Езеро го...

Македонија1 ден

(Видео) Спречена експлозија на над 80 тони гас кај поранешна „Порцеланка“ во Велес

Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“...

Македонија1 ден

(Видео) Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац: со фамилијата се враќале од одмор во Словенија

Во сообраќајна несреќа кај Лесковац едно лице загина, а тројца се повредени. Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над...

Македонија1 ден

Рекорден број повици од постоењето на бројот за итни случаи 112

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици...

Македонија1 ден

Пожарот кај Битола локализиран, но сѐ уште постои опасност, од Пелистер е оддалечен 10 километри

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот...

Свет1 ден

Полицаец повреден со нож во центарот на Париз, насилникот неутрализиран

Еден полицаец е повреден во напад со нож во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен....

Македонија1 ден

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја

Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град....

Македонија1 ден

Костадинов заврши на инфузија, вдишал чад од пожарите

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера завршил на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. -Пожарникарите-спасители изразуваат голема благодарност...