Uncategorized
Куферот на терористот во Брисел полн со плински боци и клинци

Терористот кој предизвика експлозија на главната железничка станица во Брисел е 36-годишен Мароканец, а куферот што експлодирал содржел плински боци и клинци, објави белгискиот федерален обвинител.Мароканецот никогаш не бил осомничен за тероризам.
Јавниот обвинител Ерик Ван Дер Сипт на прес-конференција изјави дека се врши претрес во неговиот дом во населбата Моленбек.Терористот не носел експлозивен појас и веднаш штом извикал “Да живее Алах” бил застрелан од е војничката патрола. На интернет се појавија снимки од нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа трите пасоши

Агентите на ФБИ заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, напиша експретседателот на САД на социјалните мрежи:
„За време на рацијата на ФБИ ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“ – напиша тој.
Umm… pic.twitter.com/ZDX1g8JWVK
— Spiro Agnew’s Ghost (@SpiroAgnewGhost) August 15, 2022
Трамп сето тоа што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.
„Волстрит журнал“ објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго, додека, пак, „Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи.
Поранешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен „дипломатски“ издаден на функционери.
Трамп доби дипломатски пасош додека беше на чело на Белата куќа.
Агентите на ФБИ неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи.
Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.
Uncategorized
Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.
Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.
„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.
„Господ знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.