Uncategorized
Мицковски: Да се расветли убиството во Кичево
Овие избори, за жал, ги одбележува едно грозоморно убиство. Носителот на листата советници во Кичево, Алит Абази, подлегна на повредите во огнената престрелка што се случи минатата недела. Ова убиство се одвива кога политичката кампања е во полн ек, рече генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција.
„Почина сограѓанин Албанец, кој беше вклучен и водеше политичка кампања. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ова лудило мора да престане и дека прашање на време е кога ќе се случи и најлошото, да биде одземен човечки живот. Еве, и тоа се случи. Институциите на власта демонстрираат неспособност да обезбедат мирно и фер спроведување на предизборниот период. Ова ли е животот што премиерот Зоран Заев го ветуваше?“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Утре без вода дел од корисниците на улицата Салвадор Аљенде
Корисниците на дел од улицата Салвадор Аљенде во Центар утре од 9 часот ќе немаат вода поради уличен дефект.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.
Uncategorized
Донесени измените во Статутот и Правилникот за членство во ЗНМ
Статутот и Правилникот за членство во Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска беа измените на Годишното неизборно собрание на ЗНМ. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека измените се однесуваат на тоа кој се може да биде член на Зздружението.
-Се наметна потреба за ова, бидејќи доста од нашите колеги членуваат во комисии, кои можат да обавуваат општествена улога во нив, но затоа можат да земаат и хонорари и да бидат платени. Поради ова имавме дилеми дали луѓето коишто учествуваат во некакви државни тела можат да бидат членови на ЗНМ. Се утврди доколку учествуваат волонтерски, немаат одлучувачка одлука во тие тела, тие можат да бидат членови на ЗНМ. Но, доколку имаат вработување или сличен ангажман и одлучувачки ангажман во државни, општествени раководни тела и комисии и во тој случај тие можаат да имаат придружно членство во Здружението на новинари на Македонија, рече Чадиковски.
На денешното неизборно собрание на ЗНМ имаше и статурни измени за да се подобри работата на Советот на честа. Едногласно се донесе и измената чланарината за две години наместо 600 денари, да биде 1.000 денари. Се прецизираше и за годишните награди на ЗНМ за наградите за новинарите од внатрешноста, односно кои живеат и работат во општините на регионалните центри на ЗНМ, како и се воведува награда и за снимателите.
-Се на се имавме успешно Собрание. Освен овие статурани измени разговаравме и за идните насоки на делување на ЗНМ во контекст на подобрување на статусот на новинарите во ова општество, подигнување на достоинството и квалитетот на новинарската професија и зголемување на квалитетот на новинарската професија кај локалните медиуми, вели Чадиковски.
Прашан кои ќе бидат целите на ЗНМ, Чадиковски со одговор дека имаат повеќе теми, од кои едната е правната заштита на новинарите, обидите да се спречат нападите и заканите кон новинарите, особено кон новинарките на социјалните мрежи.
-Ќе работиме на етаблирање на Фонд за медиумски плурализам. Тоа е Фонд од којшто најголема корист, бенефит ќе имаат новинарите, не зборувам само за парична корист, туку зборувам и за подигање на квалитетот на новинарската продукција, насекаде низ Македонија, како и во етаблирање на Академијата за тренинг на новинари и медиумски работници што ЗНМ ја спроведува со холандското Здружение на новинари, вели Чадиковски.
На денешното Годишно неизборно собрание на ЗНМ беше истакното дека професијата се соочува со недостаток на новинари, а пред се, на млади новинари и оти низ општините во земјава за една година се затворија неколку медиуми.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).